Tag: германија | 27 results

Германските власти се префрлуваат на е-пошта и групвер базирани на слободен софтвер

септември 5, 2012

Сè поголем број јавни администрации во Германија го заменуваат сèприсутното комерцијално решение за електронска пошта, календари и групвер со холандско-германската алтернатива базирана на слободен софтвер Zarafa, вели Хелмут Нојбергер, главен извршен директор на Zarafa Германија.

Германија: Нова судска одлука за филтрирање на интернет-сообраќајот

април 3, 2012

Високиот регионален суд во Хамбург на 14 март 2012 г. донесе одлука дека веб-локацијата за хостирање датотеки RapidShare мора проактивно да ги филтрира датотеките што ги поставуваат нејзините корисници.

Комуникациите преку интернет интензивно следени од германските разузнавачки служби

март 9, 2012

Врз основа на два извештаи на Германската парламентарна комисија за контрола (PKG), во 2009 и 2010 година Државниот завод за уставна заштита, Државната разузнавачка служба и Воената служба за контра-разузнавање следеле импресивен број е-пораки и други видови комуникации преку интернет.

Укинат германскиот закон за блокирање на интернет

декември 20, 2011

По повеќе од две години дискусии и спротивставување, на 1 декември 2011 година, германскиот парламент конечно донесе одлука да се откаже од Актот за спречување пристап, односно законот со кој се предложува блокирање на пристап до веб-сајтовите за кои се смета дека содржат детска порнографија.

Германски орган за заштита на податоци бара отстранување на Фејсбук копчето „ми се допаѓа“

септември 7, 2011

Тило Вајхарт, германскиот комесар за заштита на податоци од Независниот центар за заштита на приватноста (ULD) – Органот за заштита на податоците (DPA) од државата Шлезвиг-Холштајн, на 19 август, 2011 г. ги повика сопствениците на веб-сајтовите во северната германска држава да ги отстранат Фејсбук копчињата „ми се допаѓа“ до крајот на септември 2011 г., во спротивно би се соочиле со парична казна.

Германија: проширен веб-сајтот на Тренинг центарот за слободен софтвер

август 17, 2011

Веб-сајтот на Тренинг центарот за софтвер со отворен код - платформата за размена на информации и искуства помеѓу ИТ-експерти на национално ниво, се прошири во рамките на Програмата за ИТ-инвестиции.

Германскиот закон за блокирање на веб-сајтови ќе биде повлечен

април 7, 2011

На 5 април 2011г., владејачките конзервативна и либерална партија на Германија во текот на состанокот на коалицискиот комитет се согласија да го повлечат оспорениот Закон за блокирање на интернет на материјали со злоупотреба на деца.

Задржувањето на податоци е неефикасно според една германска студија

февруари 17, 2011

Според студијата на полициски статистики објавена на 26 јануари 2011 година од германската Сојузна агенција за борба против криминалот, задржувањето на телекомуникациските податоци е неефикасно за кривичното гонење на сторители на тешки кривични дела.

Германија: Министерството за надворешни работи повеќе нема да користи компјутери со слободен софтвер

февруари 8, 2011

Германското министерство за надворешни работи планира да се префрли на неслободни оперативни системи и канцелариски пакети, како причини наведувајќи ги, меѓу другото, проблемите со интероперабилноста со останатите министерства.

Бришењето на нелегални сајтови е поефикасно од нивното блокирање

септември 14, 2010

Асоцијацијата на германската интернет економија Eco, на прес-конференцијата одржана во Берлин на 1 септември, 2010 г. ја претстави состојбата со борбата против детската порнографија, донесувајќи заклучок дека бришењето на нелегалните веб-сајтови во 98% од случаите било поефикасно од нивното блокирање.

Граѓаните на ЕУ гледаат со резервираност на Google Street View

септември 2, 2010

Додека Google има намера да продолжи со мапирање на подрачја во Европа преку својот систем Street View, неколку земји од ЕУ продолжуваат да покажуваат колебливост во врска со овој сервис поради прашања поврзани со приватноста.

Германскoто граѓанско општество бара да се стави крај на задржувањето на телекомуникациски податоци

април 29, 2010

Повеќе од 40 организации и здруженија испратија писмо до германскиот сојузен министер за правда, барајќи да „притиска за поништување на условите на ЕУ за задржување на податоци од телекомуникации“, со кои на телефонските и интернет компаниите им се наложува да собираат податоци за комуникациите на своите корисници.

Германскиот претседател потпиша Закон за интернет со кој неговата влада не се согласува

март 3, 2010

И покрај фактот што германската влада одлучи да не го применува Законот за цензурирање на интернет (Zugangserschwerungsgesetz) предложен од страна на претходната влада во април 2009 година, германскиот претседател Хорст Келер на 17 февруари, 2010 г. го потпиша новиот закон.

Германија: Задржувањето на податоци е непропорционално

март 29, 2009

Германската работна група за задржување на податоците (AK Vorrat) соопшти дека Управниот суд во Вајзбаден заклучил дека сеопфатното снимање на податоците за комуникациите на целото население преку телефон, мобилен, е-пошта и интернет е несразмерно.

Страна 1 од 2