Tag: јавна администрација | 10 results

Јавната администрација треба да им се приклучи на здруженијата за слободен софтвер

јануари 26, 2012

Јавните администрации треба да станат членки на здруженијата за слободен софтвер, вели Сајмон Фипс, директор на Иницијативата за слободен софтвер (OSI). „Убаво е да се има политика, но ако не се приклучите на заедницата, немате право на глас“.

Стандардите за отворени документи задолжителни во унгарската влада

јануари 9, 2012

Владините министри на 23 декември се согласија дека унгарската јавна администрација по правило ќе треба да користи стандарди за отворени документи за своите електронски документи, почнувајќи од април годинава, а сите јавни организации се поттикнуваат да се префрлат на канцелариски алатки базирани на слободен софтвер.

Шведска: Намалениот буџет за ИТ ќе ја притисне јавната администрација да користи слободен софтвер

декември 28, 2011

Намалувањето на буџетите за ИТ ќе придонесе јавната администрација да користи повеќе слободен софтвер, вели Даниел Мелин, специјалист за набавки во ‘Statens Inköpscentral’, шведска агенција за набавки.

Полска: владината употреба на неслободен софтвер го ограничува користењето на слободен софтвер од страна на локалната администрација

октомври 18, 2011

Полската влада користи комерцијални формати и им отежнува на јавните администрации да се ослободат од ограничувањето со неслободен софтвер.

Македонија ќе користи естонски искуства за реформа на јавната администрација

октомври 27, 2010

Министерот за информатичко општество Иво Ивановски, кој е дел од државната делегација во Естонија, посети неколку центри во Талин со цел да се запознае со реформите на земјата во областа на информатичката трехнологија и можноста за нивна примена за да се унапреди државната администрација во Македонија која од идната година треба да биде во надлежност на Министерството за информатичко општество.

Страна 1 од 1