Tag: конференција | 9 results

Заврши конференцијата за слобода и приватност на интернет

мај 25, 2012

Меѓународната конференција „Слобода и приватност на Интернет“, организирана од Фондацијата Метаморфозис и Институтот за мир и човекови права од Каен, Франција, заврши на 22 мај, 2012 година, со дебата за социјалните медиуми како слободна територија за активизам.

Македонија: Конференција за слобода и приватност на интернет

мај 8, 2012

На 21 и 22 мај, фондацијата Метаморфозис и Институтот за човекови права и мир од Каен организираат меѓународна конференција на тема Слобода и приватност на интернет. Настанот е дел од долгогодишниот проект за децентрализирана соработка помеѓу Македонија и регионот Долна Нормандија, поддржана од мрежата Франција-Балкан, а ќе се одржи во салата City Hall во Скопје.

Конференција за стратешки пристап во развојот на механизмите за заштита на личните податоци

ноември 27, 2011

На 25 ноември, во хотелот Стоун Бриџ се одржа меѓународна конференција чија цел беше презентација на Стратегијата за заштита на личните податоци за периодот 2012-2016.

Најава за конференција

февруари 23, 2011

На 9 март 2011 г. (вторник) ќе се одржи завршната конференција на проектот „Модел за ефикасна комуникација помеѓу Комисиите за односи меѓу заедниците и граѓаните – МЕК“ кој го спроведуваат Фондацијата Метаморфозис и  здружението Заеднички вредности со поддршка на Европската Унија. Конференцијата е на тема „Како до поефикасни комисии за односи меѓу заедниците (КОЗ)?“ и ќе се одржи во хотелот Холидеј ин во Скопје.  

Меѓународна конференција е-Општество.Мк 2010 – е-Влада за зголемена ефикасност и транспарентност

ноември 10, 2010

Шестата меѓународна конференција е-Општество.Мк ќе се одржи во хотелот Холидеј ин во Скопје на 1 декември 2010 година и ќе се фокусира на улогата на системите за е-влада за зголемување на ефикасноста и транспарентноста на јавната администрација.

Страна 1 од 1