Федералната администрација во Русија ќе се префрли на софтвер со отворен код
јануари 20, 2011
Рускиот премиер Владимир Путин им наложи на федералните државни агенции да се префрлат на слободен софтвер со отворен код до 2015 година. На 17 декември, 2010г., Путин потпиша план „за миграција на федералните извршни тела и агенции кон слободен софтвер“.