Tag: македонија | 23 results

Младиот македонски блогер Даниел Краљевски ја издаде третата книга под Криејтив комонс

мај 18, 2009

Даниел Краљевски, 20-годишен блогер кој почнал да пишува за, како што вели самиот, „таа читајќи ме да се насмевне“, по трет пат ги објави своите убави зборови во форма на електронска книга, под Криејтив комонс лиценца.

Дополнение: Државата ќе субвенционира поставување мрежа за безжичен интернет во руралните средини

мај 10, 2009

Според екс-претседателот на ЗЕЛС, Андреј Петров, нема потреба Владата сега да троши пари за безжичен интернет за мал број заинтересирани во македонските рурални општини.

Младиинфо меѓу првите пет портали избрани во рамки на НСС за млади

мај 3, 2009

Порталот за млади од Македонија – www.mladiinfo.com е избран за еден од петте најдобри портали во светот во категоријата „Образование за сите“ во рамки на Наградата на Светскиот самит (НСС) за информатичко општество за млади.

Локалните е-содржини триумфираа на Наградата на Светскиот самит 2009

април 29, 2009

Австралија, Австрија, Канада и Нов Зеланд ќе продефилираат на свеченото доделување на Наградите на Светскиот самит на 12 јуни и ќе ги примат победничките трофеи за најдобрите е-содржини во светот.

Археолошкиот дневник – првата книга на Arwena отсега достапна и онлајн

април 23, 2009

Димитровска Василка - Arwena, една од најпопуларните македонски блогерки и единствен археолог од Македонија кој пишува на интернет, ја објави својата прва збирка текстови "Археолошки дневник" во електронска форма, под Криејтив комонс лиценца.

Најава: Предавање и работилници за проектот Мозила

април 12, 2009

Студентите на Факултетот за електротехника и информациски технологии, во Скопје, на ден 15.04.2009 (среда) од 18 до 20 часот, во амфитеатарот на Факултетот, ќе имаат можност подобро да се запознаат со проектот Мозила, на настан организиран од „Слободен софтвер Македонија“.

Фејсбук го отстранил личниот профил на Министерство за внатрешни работи

април 8, 2009

На 8 април 2009 година македонскиот портал IT.com.mk извести дека управата на Фејсбук донела решение да го укине личниот профил на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија (МВР) поради нарушување на правилата за користење на сервисот.

Некој ни го украл брендот „macedonia.eu“

декември 16, 2005

Непозната странска влада, фирма, државна или невладина организација  ни ја украде адресата „macedonia.eu“ откако ниту Владата, ниту  македонските компании не реагираа на одлуката на Европската комисија да отвори интернет-домен со кратенката „.еу“

Страна 1 од 1