Авторски текстови
Манифест за јавниот домен
Манифест за јавниот домен Преамбула „Книгата, како книга, му припаѓа на авторот, но како мисла, таа му припаѓа – зборот не е премногу голем – на човечкиот род. Сите умови имаат право на неа. Доколку едно од двете права, правото на писателот или правото на човечкиот ум, треба да се жртвува, тоа сигурно ќе биде правото на писателот, бидејќи јавниот интерес е нашата единствена преокупација, и треба да биде пред нашите интереси. (Виктор Иго, Поздравен говор на Меѓународниот литературен конгрес во 1878 година) „Нашите пазари, нашата демократија, науката, нашите традиции на слободен говор, и нашата уметност повеќе зависат од Јавниот домен со слободно достапни материјали, отколку од информативниот материјал заштитен со сопственички права. Јавниот домен не е некој смолест остаток што останува кога сите добри нешта се опфатени со имотното право. Јавниот домен е каменоломот за потпирните столбови на нашата култура. Всушност, тој е поголемиот дел од нашата култура. (Џејмс Бојл, Јавниот домен, стр. 40f, 2008) Јавниот домен, како што ние го разбираме, е богатството на информации кои се ослободени од бариерите за пристап или повторна употреба вообичаено поврзани со заштитата на авторските права, или поради тоа што е ослободен од каква било заштита на авторските права или затоа што сопствениците на правата одлучиле да ги отстранат овие бариери. Јавниот домен е основата на нашето само-разбирање како што е изразено со нашето споделено знаење и култура. Тој е суровината од која се изведува