Програми
Волонтирање во Метаморфозис
Фондацијата Метаморфозис како дел од своите активности за зајакнување на капацитетите отвора можност за сите заинтересирани да се вклучат како волонтери во работата на организацијата. Идните волонтери ќе имаат можност директно да се вклучат во редовните активности на организацијата со што ќе стекнат работни вештини и ќе ги надградат своите знаења. Некои од основните обврски на секој волонтер ќе бидат: Логистика за настани организирани од Фондацијата Метаморфозис Одржување на профили на социјални медиуми Истражување и пронаоѓање на содржина на одредени теми Контактирање и известување на соработници на организацијата за разни новости Други обврски кои може да ги извршува волонтерот во зависност од неговите квалификации се: Инсталирање на софтвер Пишување рецензии на сајтови Превод на разни статии за информатичко општество Покрај наведените обврски волонтерот ќе има и други задачи во зависност од проектите кои се изведуваат во конкретниот период. Заинтересираните кандидати треба да волонтираат минимум 3 месеци, со минимално работно време од 4 часа во денот. Во периодот на волонтирање, Фондацијата Метаморфозис ќе ги покрива трошоците за превоз и храна на волонтерот. Сите заинтересирани може да пратат кратка биографија (CV) и мотивационо писмо по електронска пошта на info@metamorphosis.org.mk.