Вести
Фондацијата за интернет и општество Метаморфозис ќе ја одбележи глобалната недела на отворена влада
Неделата на отворена влада ќе се одржи од 17 до 21 мај 2021 година како глобална иницијатива преку која се промовира демократијата, се поттикнува поголемо вклучување и се унапредува доброто управување преку соработка меѓу граѓаните и владата. Глобалната недела на отворена влада ќе опфати над 100 настани на кои граѓани, граѓански организации, претставници на државни институции и други заинтересирани страни ќе се соберат за да споделат идеи, да разговараат за решенија и да се посветат на повисоко ниво на граѓанско учество во работењето на владата за да може да изнајдат подобри начини на кои владите ќе им служат на граѓаните. Овогодинешната недела на отворена влада ќе се фокусира на тоа како да ги обновиме заложбите и повторно да изградиме транспарентни, отчетни, партиципатвни и инклузивни влади, институции и општества. Фондацијата Метаморфозис ќе ја одбележи глобалната недела на отворена влада преку организирање на два настани: Хакатон за отворени податоци и промоција на отворени податоци од едниците на локалната самоуправа со РСМ. Активностите се спроведуваат во рамки на Проектот на УСАИД за граѓанско учество. Хакатонот за отворени податоци е четири дневен предизвик има за цел да собере и поттикне млади, креативни и иновативни луѓе да изработат демо иновативни решенија со кои треба да ги доближат отворените податоци објавени од државните година институции до граѓаните. Хакатонот за отворени податоци ќе се одржи од 17 до 20 мај 2021 година, а ќе се случува онлајн. Повеќе информации може