Македонија: Претставен Нацрт-акцискиот план за Партнерството за отворена власт
март 22, 2012
Во рамки на Денот за отворена власт на 21.03.2012 г. во Скопје, министерот за информатичко општество и администрација м-р Иво Ивановски го промовираше нацртот на Акцискиот план за развој на отворена власт во РМ, како дел од глобалната иницијатива Партнерство за отворена власт, повикувајќи ги сите чинители од владиниот, деловниот, граѓанскиот и научно-образовниот сектор да се вклучат во неговото комплетирање.
