Tag: отворени стандарди | 13 results

Студија на германскиот парламент препорачува промена на законите за да се зголеми употребата на слободен софтвер

јануари 16, 2013

Една студиска група во германскиот парламент советува да се извршат промени на законите за државниот буџет, со цел да се дозволи да се објави како слободен софтверот напишан од или за јавните администрации. Во моментов, законот за буџет на Германија не дозволува јавните администрации да даваат ИКТ-решенија бесплатно.

Комесарот за Дигиталната агенда Нили Крос јавно ги поддржа отворените стандарди

јуни 22, 2010

На 10 јуни 2010 г., заменик-претседателот за Дигиталната агенда на Европската комисија, Нили Крос одржа говор на Самитот Отворен форум Европа 2010 за интероперабилност и отворени стандарди, изјавувајќи дека се планира обновување на Европската рамка за интероперабилност за да се постигне потранспарентно поставување на ИКТ стандардите и да се осигури дека јавната администрација користи формати на софтвер со отворен код за да го спречи развојот на монополите во ИКТ секторот.

ЕУ: Отворени стандарди и интероперабилни системи за е-владеење

април 28, 2010

Во текот на неделата, министрите на ЕУ и Европската комисија постигнаа согласност дека владите на ЕУ треба да користат отворени стандарди и интероперабилни системи за обезбедувањето на владини е-услуги.

Дефинирање на отворените стандарди во Дигиталната агенда на ЕУ

април 8, 2010

Неколку француски невладини организации, како што е APRIL (Здружението за промоција и заштита на слободниот софтвер) и групата на потрошувачи UFC-Que Choisir неодамна ја изразија својата загриженост во врска со текстот за отворените стандарди во Дигиталната агенда за Европа која ќе биде издадена на 27 април 2010 г. од Нели Крос, Европскиот комесар одговорен за дигитални прашања.

Унгарија воведува задолжителни отворени стандарди за јавните институции

јануари 15, 2010

На крајот на 2009 година унгарскиот парламент одлучи да ги направи задолжителни отворените стандарди при комуникацијата меѓу државните институции, комуналните претпријатија и граѓаните, преку централниот владин систем.

Германската влада сака отворени стандарди и софтвер со отворен код

ноември 16, 2009

Новоизбраната германска влада планира да ги поддржи отворените стандарди и софтверот со отворен код. Во својот четири-годишен коалициски договор, владата предводена од канцеларот Ангела Меркел, вели дека сака да ги насочи своите ИТ системи кон отворените стандарди и да воведе софтверски решенија со отворен код.

Страна 1 од 1