Регулативата на ЕУ за заштита на податоци се одложува повторно
декември 19, 2013
На 6 декември 2013 година, министрите за правда на ЕУ повторно направија чекор назад во усвојувањето на Регулативата за заштита на податоци на ЕУ.
декември 19, 2013
На 6 декември 2013 година, министрите за правда на ЕУ повторно направија чекор назад во усвојувањето на Регулативата за заштита на податоци на ЕУ.
ноември 8, 2013
Денес, на Генералното собрание на Обединетите нации, Бразил и Германија официјално ја претставија нивната нацрт-резолуција за „Правото на приватност во дигиталното доба“.
октомври 28, 2013
AGCOM, независната Агенција за електронски комуникации на Италија е многу блиску до добивање овластување за издавање наредби за отстранување на сите содржини кои смета дека го прекршуваат законот за авторски права, без потреба од судско или собраниско одобрение.
октомври 24, 2013
Комитетот за граѓански слободи на Европскиот парламент гласаше за иднината на заштитата на приватноста и податоците во Европа. Ја поздравуваме поддршката на парламентарците и заложбите за подобрување на неколку важни и вредни елементи во првобитниот предлог на Комисијата. Особено сме задоволни што Комитетот реши да го укине предлогот на Комисијата со кој ќе им се […]
октомври 18, 2013
Комитетот за граѓански слободи на Европскиот парламент на 21 октомври ќе одлучува за иднината на заштитата на приватноста и податоците во Европа. Неодамнешните откритија за владиниот надзор вршен преку некои од најголемите компании на интернет ја нагласија итната потреба за ажурирање на правилата за приватност во Европа. Регулативата ќе има големо влијание врз дигиталната средина […]
октомври 2, 2013
Едвард Сноуден, информаторот кој го обелодени надзорот на електронските комуникации вршен од NSA, GCHQ и од други служби за разузнавање, е номиниран за Наградата Сахаров за 2013 година за слобода на мислата од страна на Партијата на Зелените/групата EFA и групата GUE/NGL.
септември 23, 2013
Фондацијата Метаморфозис, Центарот за развој на медиуми и НВО Инфоцентарот се придружуваат кон големата меѓународна коалиција и бараат од Република Македонија да процени дали националното законодавство и активности на полето на следењето на комуникациите се во согласност со преземените меѓународни обврски во областа на човековите права.
јуни 27, 2013
The Inspector General for Personal Data Protection (GIODO) will be the host of the 35th International Conference of Data Protection and Privacy Commissioners.
јуни 27, 2013
Генералниот инспектор за заштита на личните податоци ќе биде домаќин на 35-тата Меѓународна конференција на комесарите за заштита на податоци и приватност.
јуни 24, 2013
На почетокот на годината, експертска група на Европската комисија за слобода на медиумите и плурализам објави извештај и претстави неколку препораки за заштита и промовирање на слободни и плуралистички медиуми во Европа.
април 15, 2013
Некои интересни резултати од квантитативната и квалитативна анализа извршена во рамки на проектот CONSENT финансиран од ЕУ за откривање на ставовите на потрошувачите за прашања од областа на приватноста на интернет и практиките на давателите на услуги беа презентирани на завршната конференција на проектот која се одржа во Малта на 20-21 март, 2013 година.
февруари 28, 2013
Огмундур Јонасон, исландскиот министер за внатрешни работи има намера да поддржи „анти-штит“т.е. интернет филтри против порнографијата на интернет, за да се спречи пристапот на интернет-корисниците до одредени веб-локации.
февруари 22, 2013
Комитетот за индустрија (ITRE) на Европскиот парламент усвои катастрофално лошо подготвено Мислење за заштита на податоците, соопшти денес ЕДРИ (Европски дигитални права).
февруари 6, 2013
Триесет и шест организации за граѓански права и заштита на податоците тукушто го лансираа порталот на европската кампања за приватност privacycampaign.eu за поддршка на подобра заштита на правата на европските граѓани на приватност и заштита на податоците.
јануари 29, 2013
Метаморфозис искажува целосна поддршка за Бриселската декларација за приватност, и ги охрабрува и другите организации и поeдинци на кои им е важна заштитата на ова човеково право, од Македонија и пошироко, да се придружат преку нејзино потпишување.
јануари 24, 2013
На 28-ми јануари 2013 година, Дирекцијата за заштита на личните податоци го одбележува Европскиот ден за заштита на податоците. Во тој контeкст, инспекторите од Дирекцијата ќе одржат предавања на неколку локации, каде што пред сè целта е јакнење на свеста за приватноста, како и потенцирање на превентивната улога на Дирекцијата.
јануари 14, 2013
Ирското претседателство со Советот на ЕУ дистрибуираше „документ за дискусија“ за заштита на личните податоци на граѓаните во пресрет на Советот за внатрешни работи и правда оваа недела во Даблин.
декември 11, 2012
„Големиот брат“ снима насекаде, во училишта, на улици и тротоари, во канцеларии, ходници, од Дирекцијата за заштита на личните податоци (ДЗЛП) велат дека управниците и сопствениците очигледно не се запознаени каде смеат да постават видео надзор.
декември 6, 2012
Германската влада предлага измена и дополнување на Законот за телекомуникации со која ќе им се овозможи на полициските и разузнавачки агенции детално да ги идентификуваат корисниците на интернет, без судски налог или основано сомневање за кривично дело.
октомври 31, 2012
27 европски органи за заштита на податоци потпишаа и испратија писмо до Google, барајќи подобри практики за приватност од компанијата, обвинувајќи ја за незаконитости и компромитирање на својата работа во европската правна средина.