Tag: слободен софтвер | 48 results

Поборниците за слободен софтвер ги притискаат грчките региони да користат отворени технологии

април 8, 2013

Грчките регионални администрации треба да ги земат предвид отворените технологии, вклучувајќи ги софтверот и податоците при изготвувањето на нивните планови за регионално управување, тврди Eel/lak, грчка организација за застапување за слободен софтвер основана од 25 универзитети и истражувачки центри.

Заедницата за слободен софтвер за културно наследство споделува бизнис модели

март 21, 2013

Заедницата од програмери кои работат на Delving - алатки базирани на слободен софтвер прилагодени за зачувување, прикажување и збогатување на податоците на институциите за културно наследство, разменува модели за генерирање приходи, соработувајќи со сè поголем број музеи и библиотеки.

Градот Минхен стои зад својата пресметка: слободниот софтвер заштедува милиони

февруари 18, 2013

Градот Минхен стои зад пресметката на трошоците од ноември 2012 г., со која се заклучи дека користењето на слободен софтвер кај десктоп-компјутерите и канцелариската продуктивност на 15.500 персонални компјутери чини 11 милиони евра поевтино во споредба со сеприсутната комерцијална алтернатива.

Француските фирми за слободен софтвер бараат владина политика за споделување и повторна употреба

февруари 15, 2013

Француската влада треба да ги принуди јавните администрации да ги споделуваат и да ги употребуваат нивните ИКТ решенија повторно, препорачува Conseil National du Logiciel Libre (CNLL), трговската групација која застапува повеќе од 300 ИКТ фирми.

Француска група за застапување го осуди игнорирањето на Законот за јавни набавки од страна на Министерството за одбрана

февруари 11, 2013

Француската група за застапување за слободен софтвер протестира против повторните преговори на Министерството за одбрана околу договор за лиценца за комерцијален софтвер кој беше потпишан пред четири години без процес на јавна набавка. Групата бара од Министерството да ги запре разговорите со продавачот на комерцијален софтвер и да организира јавен повик за понуди.

Грчката општина Каламарија се префрлува на LibreOffice

јануари 18, 2013

Обидувајќи се да заштеди на трошоци каде што може, администрацијата на грчкиот град Каламарија мигрира кон канцеларискиот пакет LibreOffice базиран на слободен софтвер, објави грчката група корисници на Линукс во соопштението за печат објавено минатиот петок.

Данските општини користат слободен софтвер за иновации и соработка

јануари 15, 2013

Данските општини сè повеќе користат слободен софтвер за соработка и иновации на ИКТ-решенијата. Повеќе од десет отсто од општините во земјата минатата година се придружија на новоформираната Open Website Community OS2.

Организациите за слободен софтвер предупредуваат дека Грција ќе потроши милиони за софтвер во училиштата

декември 25, 2012

Поборниците за слободен софтвер предупредуваат дека грчката влада ќе потроши милиони евра на неслободни софтверски лиценци за училиштата во земјата.

На европските влади им недостасуваат иновации базирани на слободен софтвер

декември 21, 2012

Европските јавни администрации не ги користат талентот и иновациите кои ги нуди слободниот софтвер, се вели во студија на случај објавена денеска на Joinup. Истовремено, злоупотребите на тендерските постапки му наштетуваат на пазарот на слободен софтвер, ограничувајќи ги неговите можности да „созрее“.

Финската влада треба да го направи софтверот достапен како слободен софтвер

ноември 27, 2012

Владата на Финска треба да го направи сиот софтвер развиен за јавната администрација достапен како слободен софтвер со отворен код, велат претставниците на компаниите за слободен софтвер од Финска.

Податоци за употребата на слободен софтвер во приватниот и јавниот сектор во Македонија

ноември 9, 2012

Според информациите собрани од страна на Државниот завод за статистика на Р. Македонија во 2010 и 2011 година употребата на слободен софтвер бележи раст во приватниот сектор (мали, средни, големи претпријатија) и јавниот сектор (министерства, агенции, јавни претпријатија и локална самоуправа).

Португалска група за застапување: „Префрлете се на слободен софтвер за да се намали јавниот долг“

октомври 29, 2012

За да помогне да се намали владиниот долг, јавната администрација на Португалија треба да се префрли на слободен софтвер, соопшти Ansol – португалската асоцијација за слободен софтвер.

Италија: Закон со кој слободниот софтвер станува стандарден за јавната администрација

септември 19, 2012

Италијанскиот парламент во август одобри измена и дополнување на Законикот за дигитална администрација, со што слободниот софтвер стана стандардната опција за јавната администрација која бара нови софтверски решенија. Нацрт-текстот беше поднесен во декември од страна на привремената влада на Италија.

Латвиja: водич за ИТ-набавки за отстранување на пречките за отворена технологија

август 29, 2012

Јавните администрации на Латвија кои набавуваат ИТ-решенија треба да објавуваат тендери кои ќе овозможуваат вистинска конкуренција, кои не ги попречуваат понудувачите да предложуваат решенија базирани на слободен софтвер и кои мора да содржат технички спецификации независни од продавачите на софтвер, препорачуваат Латвиската асоцијација за отворена технологија и Латвиското биро за следење на набавките во нивниот извештај објавен во јули.

Белата куќа направи јавен софтвер за креирање и потпишување петиции

август 27, 2012

Канцеларијата на претседателот на САД ја направи достапна својата апликација за петиции „Ние - народот“ како слободен софтвер. Софтверот е базиран на системот за управување со содржини Drupal. Кодот е достапен во складиштето за софтвер Github од минатиот четврток.

Отворените стандарди може да ја заштитат владата од затворањето на форматите за комерцијалниот софтвер

август 23, 2012

„Со користењето отворени стандарди владата може да се заштити со тоа што нема да зависи премногу од само еден производител на софтвер и отворените стандарди би овозможиле владата да ангажира домашни ИТ-компании“, се вели во извештајот на Канцеларијата за наука и технологија во парламентот на Обединетото Кралство. Извештајот „Слободен софтвер и отворени стандарди“ беше објавен на 11 јули. Во документот со политики се испитува квалитетот, цената и безбедноста на слободниот софтвер и се земаат предвид плановите на владата за усвојување отворени стандарди.

Италијанскиот регион Пуља усвои Закон за употреба на слободен софтвер и отворени податоци

јули 16, 2012

Советот на италијанскиот регион Пуља едногласно го усвои законот со кој се поттикнува употребата на слободен софтвер од страна на јавната администрација и истата да ги направи своите податоци јавно достапни. Тоа е првиот закон кој ги комбинира слободниот софтвер и отворените податоци, известува Leggi Oggi, италијански веб-сајт за новини од законодавството.

Страна 1 од 3