Tag: софтвер со отворен код | 28 results

Шпанија: Насоки за локалните администрации при набавката на софтвер со отворен код

октомври 25, 2010

Водичот чијашто цел е да им помогне на локалните владини организации да ги подобрат нивните ИТ набавки, беше објавен вчера во Мадрид. „Ова ќе им помогне од технички, законски и процедурален аспект на локалните власти да ги споделуваат нивните ИТ решенија, а со тоа да ја зголемат ефикасноста на нивните инвестиции“.

Обединето Кралство: Софтверот со отворен код вклучен во долгорочната стратегија на градските совети

септември 28, 2010

Градските совети во Обединетото Кралство преминуваат кон користење на софтвер со отворен код за да ги остварат долгорочните цели во борбата против затворените, неслободни формати на софтвер, да ја зголемат интероперабилноста и да остварат заштеди.

Италија: Детските болници заштедуваат пари користејќи софтвер со отворен код

април 22, 2010

Италијанските детски болници штедат со помош на „Проектот за паметна инклузивност“ користејќи технологија на слободен софтвер и нудејќи пристап до на пр. медицински податоци и апликации за е-учење.

Дефинирање на отворените стандарди во Дигиталната агенда на ЕУ

април 8, 2010

Неколку француски невладини организации, како што е APRIL (Здружението за промоција и заштита на слободниот софтвер) и групата на потрошувачи UFC-Que Choisir неодамна ја изразија својата загриженост во врска со текстот за отворените стандарди во Дигиталната агенда за Европа која ќе биде издадена на 27 април 2010 г. од Нели Крос, Европскиот комесар одговорен за дигитални прашања.

Групи од единаесет земји-членки на ЕУ ќе учествуваат во Денот на слобода на документите

март 29, 2010

Во најмалку единаесет земји-членки на ЕУ, групите коишто ја промовираат употребата на отворени стандарди и софтвер со отворен код се подготвуваат за Денот на слобода на документите, 31 март.

Шпанија: Владата на Галиција започна кампања за промоција на софтверот со отворен код

февруари 18, 2010

Владата на Галиција, една од автономните области на Шпанија, сака да ја зголеми употребата на слободниот софтвер со отворен код од страна на јавната администрација и граѓаните.

Француската војска придонесува за кодот на Mozilla Thunderbird

декември 18, 2009

Најновото издание на клиентот за е-пошта со отворен код Mozilla Thunderbird содржи код од француската војска. Министерството за одбрана во клиентот за е-пошта како слободен софтвер се вклучи во 2006 година, дефинирајќи ги потребите за дополнителни безбедносни карактеристики на Mozilla Thunderbird.

Европските министри ги поддржуваат отворените спецификации и софтверот со отворен код

ноември 26, 2009

Европските министри одговорни за политиките на е-власт на Европската унија велат дека може да се промовира употреба на моделот со отворен код во проектите за е-власт, според соопштението од минатата недела во шведскиот град Малме.

.NET Micro Framework на Мајкрософт станува софтвер со отворен код

ноември 18, 2009

Во јули, Мајкрософт објави дека платформата .NET ќе ја направи достапна во рамки на своето ветување кон заедницата, со што им се дозволува на програмерите на слободен софтвер да ја користат технологијата, без страв од тужби за патенти.

Германската влада сака отворени стандарди и софтвер со отворен код

ноември 16, 2009

Новоизбраната германска влада планира да ги поддржи отворените стандарди и софтверот со отворен код. Во својот четири-годишен коалициски договор, владата предводена од канцеларот Ангела Меркел, вели дека сака да ги насочи своите ИТ системи кон отворените стандарди и да воведе софтверски решенија со отворен код.

Софтверот со отворен код овозможува пристап до владините услуги преку мобилен

октомври 29, 2009

Земјите од Западен Балкан би можеле да бидат меѓу првите земји во светот, во кои граѓаните ќе можат да користат мобилни уреди за да пристапуваат до владините е-услуги, извести Кордис, информативната служба на Европската унија за наука, истражување и развој.

Холандија: Полициските сили ќе користат софтвер со отворен код „секаде каде што е можно“

октомври 14, 2009

Холандската полиција ќе мигрира кон софтвер со отворен код секаде каде што тоа е можно, но не во сите случаи, неделава изјави портпаролот на Vtspn, коригирајќи го соопштението објавенo од дистрибутерот на Линукс „Ред Хет“ пред една недела.

Франција: Речиси целиот јавен сектор користи софтвер со отворен код

септември 30, 2009

Речиси целата администрација (96 отсто) користи софтвер со отворен изворен код, според едно истражување на францускиот пазар на софтвер. Најкористени апликации се системите за управување со бази на податоци и системите за управување со содржини.

Шпанија: Андалузија ќе дистрибуира лаптоп компјутери со софтвер со отворен код во училиштата

септември 22, 2009

Во шпанскиот автономен регион Андалузија, 190.500 ученици и наставници ќе користат лаптоп компјутери со софтвер со отворен код почнувајќи од јануари, известија шпанските весници во текот на овој месец.

Унгарија: Полесна имплементација на софтверот со отворен код во јавната администрација

септември 16, 2009

На јавната администрација и училиштата во Унгарија ќе им биде полесно да започнат со користење на софтвер со отворен код и отворени стандарди. На 25 август, Владата објави список од 7 ИТ компании до кои тие може да се обратат и да побараат помош доколку сакаат да користат ваков вид на софтвер. Унгарскиот Висок државен […]

Страна 1 од 2