Програми
Добро владеење: vistinomer.mk
Преку објавување на Вистиномер.мк, Фондацијата „Метаморфозис“ стави на располагање на јавноста уште една алатка за зголемување на отчетноста и одговорноста на партиите пред граѓаните.Вистиномер.мк ги анализираше ветувањата на политичките субјекти и ги презентираше во лесно читлива, агрегирана форма, заедно со систематски статистички податоци. Секое идентификувано ветување доби оценка според степенот на исполнетост: исполнето, делумно исполнето или неисполнето. Ветувањата кои беа нелогични или искажани на начин што оневозможува да се проверат беа означени како недоследни. Преку запознавање со ветувањата и со аргументите од објасненијата, граѓаните се едуцираа како да ги читаат и интерпретираат изборните програми и платформи, како и самите да следат и да оценуваат колку од тоа што е напишано и ветено се исполнува. Вистиномер го следи остварувањето на предизборните ветувања на победниците на изборите во 2011 г., како и изјавите на политичарите кои може да се класифицираат како ветувања меѓу самите избори. Основна намена на Вистиномер.мк е да го зголеми знаењето на граѓаните, медиумите, невладините организации, но и на партиите и нивните членови кои преку него имаат прилика да се запознаат и со низа аспекти на политичкиот процес од Македонија.Со објавување на Вистиномер, како и со претходната веб-апликација Гласомер.мк , Фондацијата „Метаморфозис“ jа продолжи регионалната соработка со граѓанските здруженија „Зашто не“ од Босна и Херцеговина и ЛиНет од Србија за примена на нови технологии за поголема транспарентност, поддржана од американската непрофитна фондација НЕД (National Endowment for Democracy), финансирана од Конгресот на