Програми
Балканска мрежа за застапување при управување со е-отпад
BEWMAN (Балканска мрежа за застапување при управување со е-отпад) е партнерска акција поддржана од Службата за граѓанско општество на Генералниот директорат за проширување на ЕУ преку програмата за грантови IPA 128287. Проектот со своите активности планира да ги постигне следниве резултати: да ги зголеми соработката и размената на добрите практики за раководење со електронскиот отпад помеѓу сите релевантните страни, да ја подобри јавната свест за правилното раководење со електронскиот отпад, да се зголемат капацитетите на граѓанските организации за лобирање и застапување на правилно раководење со електронскиот отпад, темите поврзани со електронскиот отпад да се почесто застапени во медиумите и бројот на уреди кои се сé уште функционални, а завршиле во отпад да се намали. Контекст Сè поголемите количества на е-отпад (фрлени електронски уреди), доколку не се отстрануваат правилно претставуваат опасност за животната средина и здравјето бидејќи токсичните супстанци што тие ги содржат доаѓаат во контакт со почвата и се шират преку почвата, подземните и површинските води, како и низ воздухот преку чадот од депониите. Овие ризици особено доаѓаат до израз во областите каде што институциите на системот се кревки, каде што законодавството е нецелосно или застарено, и каде што има слаба заштита на животната средина, што резултира со неадекватно управување со е-отпадот. Балканскиот регион е една таква област, со супстандардни практики за управување со е-отпадот, пропратени со недоволен и неефективен надзор и имплементација на постојните прописи. Оваа ситуација останува непроменета и покрај аспирациите