Дигитални приказни

Курсот се однесува на куса форма на продукција на дигитални медиумски записи кои им овозможуваат на луѓето да споделуваат аспекти од своите животни приказни. „Медиумски записи“ може да подразбира дигитален еквивалент на филмски техники, анимација, фотографии, аудио записи или било која друга форма на медиумски запис кој не е физички (материјал кој постои само како електронски запис, наспроти реални слики или фотографии на хартија, звук запишан на диск или филм снимен на лента) кој може да се користи во раскажувањето на приказни или претставувањето на идеи.