ВИЗИЈАТА НА МЕТАМОРФОЗИС

Фондацијата Метаморфозис предвидува општество во кое ангажираните и свесни граѓани активно се служат со иновативни алатки за остварување на своите граѓански права и одговорности, општество во кое тие се претпазливи во однос на влијанието и барањето одговорност од властите, притоа обезбедувајќи демократско, одговорно и подготвено владеење.

Мисија за остварување на визијата

Фондацијата ја зајакнува свесноста и капацитетот на граѓаните и граѓанското општество за тие да ја преземат најдобрата можна улога како активисти за демократија, поддржувајќи ја власта да ја исполни нејзината демократска улога- да работи во служба на општеството.

Програмата на Метаморфозис се фокусира на:

Фондацијата ги поддржува застапниците на овие суштински елементи за демократско и инклузивно општество и се залага за оваа цел како клучен партнер заедно со властите и граѓаните. Таа има за цел да прерасне во водечки национален и регионален застапник на поддршката и овозможувањето на граѓанско ангажирање и одговорност на властите, со посебен акцент на употребата на информатичка технологија и споделувањето на знаења.