Мени
logo_quadri_web

е-Инклузивност: Соработка со регионот Долна Нормандија

Долна Нормандија – Македонија, соработка во корист на локалната самоуправа

logo_quadri_webДецентрализираната соработка помеѓу Регионот Долна Нормандија и Македонија е резултат на заедничка волја да се учествува во развојот на двете територии, со отворање кон светот и поттикнување на населението да се заложи кон едно локално и европско активно граѓанство преку реципроцитет и размена. Проектот ќе придонесе во создавање на платформа на одржливи размени и ќе овозможи воспоставување на трајни врски помеѓу населенијата на овие две европски територии кои се членки на Франкофонијата.

Во таа насока, на 20 февруари 2007 година беше потпишан протокол за соработка помеѓу Претседателот на Регионот на Долна Нормандија и Амбасадорот на Република Македонија во Франција.

Затоа беше направена тригодишна програма за соработка помеѓу актери од Македонија и Долна Нормандија (ноември 2007- ноември 2010) со локалната власт како главна цел. Оваа програма се состои од 6 дела:

1. Употреба на информатичко-комуникациски технологии (ИКТ)
2. Млади, образование, локално и европско граѓанство
3. Информирано општество и медиуми
4. Културни и уметнички размени
5. Одржлив туризам и културно наследство
6. Партнерство меѓу локални заедници

Здружението на агенциите за локална демократија (АЛДА) е назначено да ја координира оваа програма за соработка.

Фондацијата Метаморфозис ја координира ИКТ компонентата.

Назад кон е-Инклузивност

Поврзани натписи