Мени
ActionSEE_logo_horizontal

АКТИОН ВИШЕГРАД СЕЕ – Одговорност, Технологија и Мрежа на Институционална Отвореност во Југоисточна Европа

Во земјите од Западен Балкан, граѓаните и граѓанските организации не доволно ги користат ИКТ алатки за добро владеење развиени од страна на други организации и државата, а тоа се должи на недостатокот на свест и вештини. Исто така, тие се обесхрабрени да ги користат поради перцепцијата дека нивниот придонес нема да направи никаква реална разлика. Покрај тоа, јавните институции пак не доволно го користат потенцијалот на ИКТ за да станат поодговорни и да ги вклучат граѓаните.

АКТИОН ВИШЕГРАД СЕЕ проектот, поддржан од Вишеградскиот фонд, ќе придонесе кон надминување на овие пречки, а преку здружување на граѓанските организации и институциите од регионот, како и преку истакнување на добрите практики од В4 земјите и земјите од Западен Балкан.

Целта на АКТИОН ВИШЕГРАД СЕЕ проектот е промоција на едно динамично граѓанско општество кое ефикасно ги мобилизира граѓаните, а со цел нивно активно ангажирање за прашања поврзани со доброто владеење во контекст на пристап кон ЕУ, и кое влијае на политиките и процесот на донесување на одлуки, како на национално, така и на регионално ниво во Западниот Балкан.

Проектот опфаќа пет области на дејствување:

  1. Пренесување на знаењето од В4 земјите, поврзано со надминување на предизвиците во однос на доброто владеење, во контекст на пристапот кон ЕУ.
  2. Градење на капацитети на граѓанските организации, преку одржување на обуки и преку менторство;
  3. Мапирање на постоечкитее-владини механизми за активно граѓанско учество како предуслов за добро владеење во четирите земји од Западен Балкан;
  4. Вмрежување со цел изградба на поширока база за поддршка за прогресивна промена.

 

АКТИОН ВИШЕГРАД СЕЕ за владите од Западен Балкан ќе обезбеди насоки за исполнување на принципите на доброто владеење.

Координатор на проектот:

Фондација Метаморфозис

Македонија

Веб-страна: www.metamorphosis.org.mk

Партнерски организации:

1. atlatszo.hu Nonprofit Ltd.

Унгарија

Веб-страна: www.atlatszo.hu

2. ePanstwo Foundation

Полска

Веб-страна: www.epf.org.pl

3. KohoVolit.eu

Чешка

Веб-страна: kohovolit.eu/cs

4. Pontis Foundation

Словачка

Веб-страна: http://www.nadaciapontis.sk/

5. Center for Democratic Transition

Црна Гора

Веб-страна: www.cdtmn.org

6. CRTA - Center for Research, Transparency and Accountability

Србија

Веб-страна: www.crta.rs

7. Citizens Association Why not?

Босна и Херцеговина

Веб-страна: http://zastone.ba

АКТИОН СЕЕ проектот е поддржан од:

visegrad_fund_logo_blue

и 

Владата на Сојузна Република Германија