Мени
mapa_digitalni_klubovi

Дигитални клубови

Во рамките на проектот Дигитални клубови Фондациjата Метаморфозис, отвори 12 дигитални клубови на териториjата на Република Македониjа.

Дигиталните клубови нудат голем број на активности и услуги кои вклучуваат пристап до ИКТ од страна на жителите во заедницата, со цел поддршка на нивниот социјален и економски развој. Дигиталните клубови ги исполнуваат стандардите на Метаморфозис за е-точки.

Мисијата на дигиталните клубови е обезбедување на едукација, пристап до електронски бази на податоци, употреба на електронски услуги и развивање на свест за информатичката технологија и демократија, како и промовирање на методологии и идеи кои ќе помогнат во забрзување на позитивното ширење на информатичката технологија меѓу луѓето без разлика на нивната возраст и потекло.