Проектот е-Бонтон започна во декември 2013 година, со цел создавање правила за добро однесување во електронската комуникација и подигнување на јавната свест за начинот на кој луѓето комуницираат преку социјалните мрежи. Прирачникот е составен од правила предложени од граѓаните преку веб-сајтот е-Бонтон и страница на Фејсбук.
Ограничен број примероци од овој прирачник граѓаните бесплатно ќе можат да добијат во продавниците на Телеком. Тој е достапен во електронска верзија на сајтот на е-Бонтон, како и на веб-сајтовите на Фондацијата „е-Македонија“, Метаморфозис и Радио МОФ.
Сподели: