Граѓанските организации (ГО) преземаат сè повеќе критични улоги во дигиталниот пејзаж кој брзо се развива. Овие организации дејствуваат како посредници меѓу граѓаните и владите, залагајќи се за инклузивни дигитални политики и услуги кои се грижат за потребите на сите.

Во Западен Балкан, проектот ИЦЕДА (Зголемување на граѓанското учество во Дигиталната агенда) имаше за цел да ја поттикне и подобри улогата и позиционирањето на ГО со цел да го направи токму тоа. Од обликување на Дигиталната агенда, до ширење на културата на сајбер безбедност и сајбер хигиена. Во разговор со Кристина Менд, денешниот водител, Мила Јосифовска Даниловска, програмски менаџер во Фондацијата Метаморфозис од Северна Македонија, ни ги раскажува активностите на овој проект.

Учеството и Дигиталната агенда во Западен Балкан
Потребата и мотивацијата зад нагласувањето на улогата на граѓанските организации во дигиталната трансформација на Западен Балкан беа присутни веќе некое време. Во 2018 година, владите на Западен Балкан се обврзаа на сеопфатна Дигитална агенда насочена кон модернизирање на јавната администрација, зајакнување на јавната безбедност и зголемување на продуктивноста. Сепак, оваа иницијатива често остануваше слабо разбрана од пошироката јавност.

Преку проектот ИЦЕДА, целта беше да се зголеми граѓанскиот ангажман преку следење на владините случувања и градење капацитети меѓу засегнатите страни, вклучувајќи ги граѓанските организации, медиумите, носителите на одлуки, академската заедница, бизнисите и маргинализираните групи. „Го искористивме потенцијалот на граѓанскиот сектор за да влијаеме на дигиталните случувања во нашата земја во корист на граѓаните“, вели Даниловска. Напорите вклучуваа истражување, градење капацитети и воспоставување на регионална мрежа на граѓански организации посветена на промовирање на инклузивна дигитална трансформација.

ГО го катализираат дизајнот на политиките и услугите
На многу начини, иницијативата ИЦЕДА директно влијаеше на вклученоста на ГО во креирањето политики и дизајнот на услуги. Првично, граѓанските организации наидоа на отпор од институциите во однос на нивното вклучување во овие процеси. Сепак, проектот одигра клучна улога во застапувањето за нивно вклучување, нагласувајќи го нивниот пристап до експертиза и директните врски со граѓаните.

Низ регионот, напорите за градење капацитети омоќиа над 50 граѓански и медиумски организации активно да придонесат кон дигиталната трансформација. Тие влијаеја на над 150 е-услуги и политики, дури и придонесоа за изработка на Стратегијата за дигитална трансформација на Црна Гора. Колаборативните напори се проширија и во медиумите, со истражувачки написи кои ја расветлуваат бирократската неефикасност, што доведе до позитивни промени.

Сајбер безбедност и сајбер хигиена
Темите за безбедност не беше занемарена – сајбер безбедноста и сајбер хигиената. Проектот ИЦЕДА проактивно ја подигна свеста и ги едуцираше граѓаните за овие прашања. Стана очигледно дека граѓаните од Западен Балкан се ранливи на измами поради недостаток на дигитална писменост. Дезинформациите се проширија на социјалните мрежи поради овој јаз во дигитално знаење. 16 Центри за поддршка на е-Влада, основани во различни градови, одиграа клучна улога во помагањето на маргинализираните групи и граѓани во зголемувањето на нивната дигитална писменост и заштита на нивните дигитални права. Овие центри колективно опслужуваа над 31.000 граѓани, нагласувајќи ја важноста од зајакнување на поединците безбедно да се движат низ дигиталниот свет.

Препораки за ГО во дигитална трансформација
„Има граница на тоа што може да се направи сам“, е предупредувањето на Даниловска до граѓанските организации ширум светот. Во продолжение се неколку вредни препораки кои што произлегоа од разговорот, за ГО кои имаат за цел да играат позначајна улога во дигиталната трансформација:

  • Изградете експертиза
    Граѓанските организации треба да инвестираат во развивање на нивната експертиза во дигиталната политика и технологија. Ова вклучува разбирање на сложеноста на е-услугите, приватноста на податоците и новите технологии, овозможувајќи им да дадат информирани препораки и ефективно да се залагаат.
  • Партнерства за соработка
    Формирањето сојузи и партнерства со други граѓански организации, владини агенции и чинители на технолошката индустрија може да го засили влијанието на ГО. Колаборативните напори овозможуваат здружување на ресурси, знаење и влијание.
  • Вклучете ги младите
    Вклучете ги младите во активностите на ГО. Тие често се рани прифаќачи на технологијата и можат да обезбедат нови перспективи и увид во дигиталните прашања. Вклучувањето на младите обезбедува посеопфатен пристап кон дигиталната трансформација.
  • Промовирајте ја дигиталната писменост
    Граѓанските организации треба активно да се вклучат во иницијативи за дигитална писменост за да се премости дигиталниот јаз. Промовирајте програми за образование и обука кои ќе ги поттикнат граѓаните самоуверено да се движат низ дигиталниот пејзаж.

Проектот ИЦЕДА служеше како трансформативна сила на Западен Балкан, нудејќи вредни лекции за ГО ширум светот. Ја истакна потребата од премостување на јазот меѓу граѓаните, владите и дигиталната трансформација. Граѓанските организации треба да бидат активно вклучени рано во процесите на креирање политики и дизајнирање услуги. Згора на тоа, негувањето култура на сајбер хигиена и свесност за сајбер безбедноста е најважно за да се обезбеди безбедноста на дигитално ранливите заедници.

Успехот на проектот ИЦЕДА не само што ги омоќи граѓанските организации, туку и катализираше културна промена и подлабоко разбирање на дигиталната трансформација. Заедничките напори на граѓанските организации, институциите и партнерите како што е Академијата за е-владеење поставија пат напред за другите кои сакаат да тргнат на слично патување кон дигитално инклузивно општество. Во дигиталниот пејзаж кој се развива, владите мора да се прилагодат на променливата динамика на граѓанското учество. Преку прифаќање на транспарентноста, соработката и инклузивноста, тие можат да поттикнат посилна демократија каде граѓаните активно се вклучуваат во обликувањето на нивната иднина.

Целосниот подкаст е достапен овде заедно со веста која е преземена од веб-страницата на Академијата за е-владеење.

Сподели: