Почетокот на оваа недела беше мошне корисен: тимот на Метаморфозис отпатува во Маврово, каде се одржа нашето годишно стратешко планирање и „тим-билдинг“.

По речиси две години работа од далечина, бевме возбудени што поминавме неколку денови заедно и разговаравме за важни прашања во врска со предизвиците со кои се соочуваме, како и за неопходните чекори за постигнување на нашите стратешки цели. Имавме продуктивни дискусии и состаноци за планирање што само потврдија дека тимот е посветен и енергичен како што секогаш бил.

Ја согледавме нашата подготвеност и агилност непречено да се префрлиме на работа од далечина и во исто време поддржавме стотици наставници, ГО, новинари и млади да продолжат да вложуваат напори и покрај изменетите околности наметнати од пандемијата. Одржавме директни обуки и тренинзи, но понудивме и низа ресурси за ублажување на ефектите од брзата промена. Во исто време, медиумите и истражувачките тимови на Фондацијата непрестајно бараат отчетност и им даваат поддршка на институциите во одржувањето на принципите на отвореност.

Инспирирани од успесите и научените лекции зад нас, ние се обврзавме да ја надополниме нашата работата со нови предизвици и акции:

  • ќе работиме кон приближување на нашата работа до пооддалечените делови на Северна Македонија;
  • ќе го прилагодиме нашиот пристап за комуницирање на нашата работа до пошироката јавност;
  • ќе организираме внатрешни тимови за оптимално постигнување на нашите програмски цели и проекти, и
  • со оглед на денешните предизвици, ќе ја подобриме нашата работа во програмата „Човековите права на интернет“ со тоа што ќе ја поврземе со сите други програми и компоненти на нашата работа.

Сѐ уште ја живееме реалноста на пандемијата. Со нашиот нов план, ние одговараме на денешните потреби со надеж за брзо закрепнување од оваа ситуација, како и со јасна визија за отворено општество.

 

Сподели: