е-Инклузивност: Дигитални клубови
Во рамките на проектот Дигитални клубови коj веќе неколку години го спроведува Фондациjата Метаморфозис, отворени се 12 дигитални клубови на териториjата на Република Македониjа.
Дигиталните клубови нудат голем број на активности и услуги кои вклучуваат пристап до ИКТ од страна на жителите во заедницата, со цел поддршка на нивниот социјален и економски развој. Дигиталните клубови ги исполнуваат стандардите на Метаморфозис за е-точки.
Мисијата на дигиталните клубови е обезбедување на едукација, пристап до електронски бази на податоци, употреба на електронски услуги и развивање на свест за информатичката технологија и демократија, како и промовирање на методологии и идеи кои ќе помогнат во забрзување на позитивното ширење на информатичката технологија меѓу луѓето без разлика на нивната возраст и потекло.
Мапа на отворени дигитални клубови
ДК Камењане
Дигиталниот клуб Камењане се наоѓа на главната улица во тетовското село Камењане. Овој клуб располага со 7 компјутери, еден печатач и еден скенер како и интернет приклучок. Ги нуди следните услуги:
- курсеви за Windows XP, WordPad, Microsoft Word и интернет
- интернет пристап (пребарување и имејл)
- печатење
- скенирање
- компјутерски игри
ДК Ранковце
Дигиталниот клуб Ранковце се наоѓа во селото Ранковце кое е некаде помеѓу Кратово и Крива Паланка. Клубот е сместен во објектот веднаш до општината, а е во непосредна близина на основното училиште во селото. Освен жителите на с. Ранковце, овој клуб редовно го посетуваат и жителите на соседните села (Петралица, Ветуница, Опила, Гиновци, Радибуш, Псача, Отошница и Љубинце).
Во клубот има 4 компјутери, еден печатач и еден скенер, како и интернет пристап. Клубот ги нуди следните услуги:
- Основни компјутерски курсеви (Microsoft Office)
- Скенирање
- Печатење
- Компјутерски игри
- Интернет пристап (пребарување и имејл)
ДК Самоков
Клубот се наоѓа во село Самоков, шеесетина километри североисточно од Кичево. Опремен е со 7 компјутери, печатач и скенер, а исто така има и интернет пристап.
Најчести посетители на овој клуб се децата и младите од Самоков кои ги користат следните услуги на клубот:
- Интернет пристап (пребарување и имејл)
- Работа во Word, Excel и Power Point
- Печатење
- Скенирање
- Компјутерски игри
ДК Врама си
Овој клуб се наоѓа во Ромскиот центар за едукација „Врама си“ лоциран во сиромашната ромска населба Перо Чичо во Куманово. Негови посетители се деца и млади од населбата и околните населби кои клубот го посетуваат за да ги научат основните нешта за работа на компјутери. Тие во клубот посетуваат курсеви за Word и Excel, како и за пребарување на интернет, а исто така компјутерите ги користат и за интернет, имејл, печатење и скенирање.
Инаку клубот располага со 7 компјутери, еден печатач и еден скенер како и интернет пристап.
ДК Саса
ДК Саса се наоѓа во селото Саса кое е 10 километри оддалечено од Македонска Каменица. Клубот се наоѓа во центарот на селото и е сместен веднаш до училиштето, а во истата зграда во која се наоѓа и амбулантата. Клубот е отворен од 11:00 до 20:00 часот.
Во моментов овој клуб ги нуди следниве услуги:
- основни компјутерски обуки (Word, Excel, интернет)
- користење компјутери, скенирање и печатење
- компјутерски игри, за кои честопати се организираат и турнири
Од 1 Ноември 2007 клубот ќе има и интернет.
ДК Конопница
ДК Конопница е лоциран на сред село во селото Конопница, неколку километри пред Крива Паланка, веднаш до училиштето. Конопница има 3.500 жители, а во училиштето во моментов учат околу 120 деца.
Дигиталниот клуб во Конопница ги нуди следните услуги:
- користење на компјутери, скенирање и печатење
- интернет пристап
- обуки на заинтересираните жители за користење на ИКТ опрема како и обуки за напредни програми како можен извор на самовработување
Просечно, клубот има дневно околу 170 корисници, а во рок од 3 месеци обучени се 33 лица за основно користење на компјутерската технологија (Windows, Excel, PowerPoint, Internet). Во моментов, 4 месеци по отварањето на клубот, се обучуваат уште 11 лица, изготвен е предлог дизајн за веб-сајт на дигиталните клубови во Македонија и во изработка е првиот забавен портал на Крива Паланка.
ДК Слатина
ДК Слатина се наоѓа на влезот од селото Слатина, веднаш до основното училиште. Во него можат да се користат следните услуги:
- користење компјутери, скенирање и печатење
- интернет пристап
- обуки за почетници за Word, Excel, Windows и интернет
- понапредни обуки за Word, Excel, Access, како и програми за дизајнирање како Photoshop, Illustrator, Fireworks, потоа Dreamweaver, NVU, CSS, HTML и XHTML
Обуките се наплаќаат 600 денари месечно. Во досегашните 3 месеци од постоењето на клубот обучени се околу 20 жители на Слатина и околните села, а во план се и бесплатни курсеви за изработка на веб-сајтови наменети за членовите на организацијата Милениум, која раководи со клубот.
ДК Албатроси
ДК Албатроси од селото Пршовце се наоѓа во училишната зграда на селото. Поради поврзаноста на селото Пршовце со селото Глоѓе, клубот подеднакво го користат жителите на двете населени места. Во овој дигитален клуб можат да се користат следните услуги:
- користење компјутери, скенирање и печатење
- фотокопирање
- интернет пристап
- основни компјутерски курсеви (Word, Excel, Windows и интернет)
Услугите на овој клуб секој ден од 9:00 до 15:00 часот ги користат учениците и вработените во училиштето, додека од 15:00 до 17:00 часот клубот е на располагање на членовите на невладините организации и другите правни субјекти од тие населени места. После 17:00 часот, па се до 22:00 часот клубот е отворен за сите жители и тогаш услугите се наплаќаат по 30 денари за еден час користење.
Од страна на активистите на овој клуб, создаден е и веб-сајт www.pershefca.net, на кој се наоѓаат разни информации за случувањата поврзани со луѓето од Пршовце, невладините организации, правните субјекти и фирмите кои функционираат во селото.
ДК Прилеп
Дигиталниот клуб Прилеп се наоѓа во Градската библиотека „Борка Талески“ во центарот на Прилеп. Клубот започна со работа на крајот на октомври 2007 и во него се нудат следните услуги:
- користење компјутери, скенирање и печатење
- интернет пристап
- бесплатни основни компјутерски курсеви (Word, Excel, Windows и интернет)
Клубот е отворен секој работен ден од 10:00 до 18:00 часот.
ДК Мелница
Се наоѓа во селото Мелница, општина Чашка на десетина километри оддалеченост од населеното место Чашка. Клубот функционира со зачленување и во него има околу десет члена. Членовите на клубот ја користат компјутерската опрема (компјутери, скенер и печатач) за развивање на своите вештини во користење на ИКТ. Клубот е отворен од 08:00 до 12:00 ч.
Исто така, во клубот се одвиваат и основни компјутерски курсеви (Word, Excel, PowerPoint) за заинтересирани членови.
ДК Чашка
Клубот се наоѓа во центарот на населеното место, во непосредна близина на зградата на општината. И тој функционира со зачленување, па во него има 15 члена, но и случајни посетители кои од време на време ги користат неговите услуги. Клубот е отворен од 14:00 до 20:00 часот.
Во него се нудат слeдните услуги:
- интернет пристап
- користење на компјутери, скенирање и печатење
- компјутерски игри
- основни компјутерски обуки курсеви (Word, Excel, PowerPoint)
ДК Ресен
Дигиталниот клуб во Ресен се наоѓа во прекрасната зграда на Сарајот, која воедно е и Дом на културата „Драги Тозија“. Во него е лоцирана и Градската библиотека. Овој клуб ги нуди следните услуги:
- користење на компјутери
- скенирање
- печатење
Назад кон програмата е-Инклузивност
Сподели: