е-Капацитети: е-Рајдери
Проектот е-Рајдери (официјален блог на проектот) го јакне капацитетот на граѓанските организации (НВО) во Македонија за да ги пренесат своите пораки, да поттикнат граѓанско учество во општествениот живот, да коалицираат и подобро да им служат на своите заедници. Е-Рајдерите (од анг. е-Јавачи) се мобилни консултанти што обезбедуваат поддршка за граѓанските организации за оптимално искористување на информатичко-комуникациските технологии (ИКТ) како средство за поефикасно извршување на активностите и остварување на нивната мисија и цели. Тие на граѓанските организации од Македонија им обезбедуваат бесплатна техничка поддршка и помош при развојот на индивидуални стратегии за употреба на ИКТ.
Проектот е поддржан од Фондацијата Метаморфозис, Фондацијата Институт отворено општество – Македонија и Институтот отворено општество – Будимпешта.
Граѓански здруженија ќе добијат стручна помош од електронските јавачи за изработка сопствена стратегија за користење на информативните алатки. Електронските јавачи од Метаморфозис ќе ги посетуваат невладините организации во нивните простории и заедно со нив ќе работат на изработување на веб-сајтови, користење на интернет, воспоставување на електронски мрежи и други секојдневни проблеми поврзани со информатичката и комуникациската технологија.
- Континуирана соработка со граѓанските организации вклучени во проектот, преку посети и вршење стручни анализи во врска со нивните информатички ресурси и организациски потреби.
- Помош во изготвувањето одржлива информатичка стратегија скроена според нивните активности, цели и мисија.
- Непосредни интервенции за примена на техничка експертиза и пренесување знаења и вештини.
- Промоција на користењето легален софтвер, преку споделување информации за разните форми на противставување на пиратството, меѓу кои се и локализацијата и употребата на бесплатен слободен софтвер соодветен за тековните потреби.
- Подигнување и подобрување на квалитетот на известувањето и промовирањето на придобивките од информатичкото општество.
Мисија на проектот е да им се помогне на невладините организации во изготвувањето на издржлива ИКТ стратегија скроена според нивните активности, цели и мисија, да се подобрат ИКТ капацитетите на невладините организации, да се подигне и подобри квалитетот на известувањето и промовирањето на придобивките од информатичкото општество и да се изготват ефективни ИКТ стратегии кои ќе им овозможат на невладините организации да ја користат технологијата за унапредување на нивните активности и мисија.
Вкупно 24 граѓански организации од 6 региони во Македонија се дел од проектот „е-Рајдери“. Тоа се:
- АЕГЕЕ, Скопје
- Акција Здруженска, Скопје
- Вила Зора, Велес
- Галеби, Чашка, Велес
- Грин Пауер, Велес
- Гордонија, Гевгелија
- Европски форум, Гевгелија
- Еко, Стојаково, Гевгелија
- Еко храна, Гевгелија
- Женска акција, Радовиш
- Заеднички вредности, Скопје
- Здружение на слепите лица на општина Велес, Велес
- Извиднички одред „Димитар Влахов“, Велес
- Јужна градина, Гевгелија
- МАССО, Скопје
- Младински образовен форум, Скопје
- Организација на жени, Струмица
- Планетум, Струмица
- Романи Асвин, Штип
- СЕЖАМ, Гевгелија
- СОЖМ, Скопје
- Утро, Ново Село, Струмица
- Центар за демократски развој и иницијатива, Скопје
Назад кон програмата е-Капацитети
Сподели: