Фондација Метаморфозис срдечно ве поканува на 18-то годишното издание на меѓународната конференција e-Society.mk која ќе се одржи од 6-ти до 7-ми декември 2022 година на тема “Кибер отпорност за слобода и безбедност”. Конференцијата ќе се одржи во Хотел Мериот, Скопје, како и онлајн преку платформата ZOOM и Facebook Live на профилот на Фондација Метаморфозис.
На конференцијата ќе се разговара за приватноста и безбедноста во дигиталната ера, како и поттикнувањето и негувањето на едно кибер-отпорно општество. Овие теми ќе се адресираат преку панел дискусии за дигиталната трансфoрмација на јавната администрација и општествата во земјите од Западен Балкан, почитувањето на човековите права во онлајн просторот, кибер безбедноста, надзорот и биометриска обработка на податоци, приватноста, како и онлајн активизмот и надминување на родовиот јаз на професионалците за кибер безбедност. Тема на дискусија исто така ќе бидат и борбата со дезинформации во време на војни, дезинформации како безбедносни закани за демократијата, ефектите од дезинформациите и странските малигни влијанија врз демократијата на Северна Македонија, како и демистифицирање на проверка на факти на Фејсбук.
Повеќе информации за конференцијата може да најдете на следниот линк: eSociety.mk (e-society.mk)