Клучни научени лекции од седумнаесеттата меѓународна конференција e-Society.mk

15.12.2021

Година :

Седумнаесеттото издание на меѓународната конференција e-Society.mk, Демократијата во дигиталната ера: предизвици и можности се одржа во периодот од 30 ноември до 3 декември во хибриден формат, собирајќи говорници, обучувачи и учесници во конференциската сала во Скопје, но и од цел свет. Конференцијата имаше за цел да собере практичари и теоретичари на голем број теми кои ги претставуваат итните предизвици и можности на дигиталната ера. Таа обезбеди простор за размена на идеи во интересни панел-дискусии, простор за учење преку обуки и работилници, како и простор за дејствување преку интензивен четиридневен хакатон за отворени податоци.

Фото: Ванчо Џамбаски

Конференцијата ја отворија Џулијан Васало, заменик-шеф на делегацијата на ЕУ, Ерик Јановски, претставник на УСАИД за Северна Македонија, Јетон Шаќири, министер за информатичко општество и администрација, Кристина Манд, виш експерт за е-демократија од Академијата за е-владеење, Естонија и Бардил Јашари, извршен директор во Фондацијата Метаморфозис. Говорниците на воведната сесија се осврнаа на различни аспекти на дигитализацијата – од дигиталните услуги, придобивките од отворените податоци, медиумската писменост и дезинформациите, поставувајќи основа за сите сесии што следеа.

Конференцијата беше дополнително збогатена со инспиративните кратки говори на Лаури Табур, експерт за управување со промени во Естонскиот центар за меѓународен развој, кој зборуваше за дигиталните услуги и нивните можности; и Јакуп Каленски, виш соработник во Атлантскиот совет, кој се фокусираше на средствата преку кои дезинформациите ја загрозуваат демократијата денес.

Меѓу темите што беа дискутирани на тркалезните маси беа е-учеството, отворените податоци, медиумската писменост, вештачката интелигенција и дезинформациите. Сепак, конференцијата обезбеди и простор за три обуки во областа на кибер безбедноста, заштитата на личните податоци и правните аспекти, како и саморегулацијата на дезинформациите. Сите три обуки опфатија прашања од суштинско значење за дискусијата за предизвиците и можностите во дигиталната ера.

Фото: Ванчо Џамбаски

Новина на овогодинешното издание на конференцијата беше хакатонот за отворени податоци кој обедини три натпреварувачки тима, кои работеа на создавање решенија од јавна вредност врз основа на јавни податоци. Победничкото решение, развиено од тимот на Web Pillar – Data Consulting, планира да ги мапира училиштата, важните податоци за нив, како и нивната оддалеченост од локациите за спортско обложување и казина. Ова е многу ветувачка апликација која ќе ја подигне свеста за финансиските ресурси и инфраструктурата на училиштата во Северна Македонија. Ова решение добро ќе ги искористи достапните податоци и ќе бара отворање на уште повеќе збирки на податоци – природно придонесувајќи за побарувачката и објавувањето на збирки на податоци од страна на институциите.

На конференцијата учествуваа 631 учесник, 202 мажи и 429 жени, од 27 земји, што придонесе за меѓународниот карактер на конференцијата.

Преносот во живо на Фејсбук достигна над 7644 лица и ние сме многу горди што можевме да обезбедиме повеќе начини за учесниците да пристапат до конференцијата.

Од овогодинешната еe-Society конференција произлегоа многу интересни ставови и заклучоци, а некои клучните научени лекции се следниве:

  • Дигитализацијата треба да биде сеопфатен/хоризонтален пристап кој се протега низ сите области на политиката и не може да стои сама како политика сама по себе.
  • Е-учеството добива вредност од интеракцијата и целите што ги служи/ вредноста што ја генерира. Особено затоа што технологијата е толку моќна – таа мора свесно да се унапредува за „никого да не остави зад себе“ и да им служи на ранливите групи исто како и на сите други.
  • Проактивното ангажирање во поставувањето стандарди и етички насоки за автоматско одлучување е многу итно, како и важноста за обезбедување целосна заштита на личните податоци.
  • Дезинформациите се сложен проблем и толку тежок за следење и борење, но сепак секогаш се сведува на најефикасниот лек – медиумската писменост и критичкото размислување.
  • Улогата на граѓанското општество да се залага, да едуцира, да работи со институциите и со јавноста за да се одржат сите овие дебати и да се бараат решенија за нив во интерес на сите нас останува важна како и секогаш.

Подолу се линковите до некои од сесиите на конференцијата:

Ден 1

Ден 2

Ден 4

Фото: Ванчо Џамбаски