е-учество: Регионални перспективи – локални акции

23.11.2021

Година : 2021

Дигиталните иновации радикално го трансформираат демократското одлучување и учеството на граѓаните во општествените промени. Како сведоци на глобалната Ковид-19 пандемијата можеме да согледаме како јавните администрации во регионот и ЕУ, плански или спорадично, се’ повеќе експериментираат со креирање на платформи на Интернет или дигитални алатки за да им овозможат на граѓаните да доспеат до релевантни информации од јавен карактер кои им се потребни, како и да учествуваат во државните процеси полесно и преку Интернет.

Дигиталната агенда како ЕУ иницијатива развиена од Европската Унија и усвоена од страна на 6те држави од Западен Балкан, цели токму кон тоа – да обезбеди граѓаните во регионот целосно да ги искористат придобивките од дигиталната трансформација, а учеството во општествените процеси преку Интернет од било кое место е само една компонента од целиот овој процес.

Сепак, овие решенија не секогаш се добро осмислени, одржливи, и не секогаш соодветствуваат на потребите на граѓаните. Каде што институциите потфрлаат да обезбедат механизми за граѓанско учество преку Интернет во потенцирање на потребите на граѓаните, искажување на нивните ставови, учество во донесување на одлуки на сите нивоа, или превземање на сопствена иницијатива за решавање на одредено општествено прашање, тука се граѓаните кои самите ги креираат овие механизми или во овој случај – дигитални алатки и платформи.

Проследете ја на сесијата “е-учество: Регионални перспективи – локални акции” на 17-то издание од конференцијата e-society под наслов „Демократијата во дигиталната ера: предизвици и можности“, која ќе се одржи на 30.11.2021 – првиот ден од конференцијата, и дознajте повеќе за успешните приказни од регионот и европските земји кога станува збор за е-учество во Северна Макеодонија, Косово, Словенија, Велика Британија, итн.

Сесијата ќе одговори на прашањето како граѓанската (само)иницијатива онлајн може да донесе значителни промени во општеството и да го подобри животот на граѓаните, но и ќе разгледа неколку успешни алатки за граѓанско учество на Интернет кои се користат на локално, национално и регионално ниво. Како хоризонтална тема, сесијата ќе ги истражи и дигиталните права и родовата еднаквост кога станува збор за е-учество.

Повеќе информации за конференцијата и регистрацијата се достапни на следниот линк: https://e-society.mk/

„Конференцијата eSociety е организирана од Фондација Метаморфозис во синергија со проектите „Зголемување на граѓанското учество во Дигиталната агенда – ИЦЕДА“ ко-финансран од Европската Унија, „Проверка на фактите за напредокот на Република Северна Македонија кон ЕУ” финансиран од Национален фон за демократија, и „Брз одговор на дезинформации за вакцините” финансиран од Балкански фонд за демократија. Ставовите изразени за време на конференцијата не ги одразуваат ставовите на донашорите.“