е-Законодавство: Приватност на интернет на лесен начин
Општа цел:
Да се помогне развојот на демократијата и отвореното општество во Македонија, преку придонесување за заштитата на основните човекови права, во областа на заштита на дигиталната приватност.
Цел на проектот:
Да се подигне свеста на јавноста, а особено на децата, за нивните права во врска со употребата на интернетот и да им се обезбедат информации и знаење за да се заштитат овие права преку технички и правни средства.
Активности
- Детален развој на концептот и создавање на 13 кратки филмови и еден краток анимиран филм, со едноставни приказни за решавање на разни прашања од областа на приватноста, а во врска со употребата на новите технологии.
- Развој на 10 едноставни игри во врска со кратките филмови со примена на цртани ликови (развиени преку проектот CRISP).
- Објавување на секој пар од завршен филм и соодветната игра на интернет, во редовни интервали.
- ПР кампања, вклучувајќи пренесување на филмовите на националните и локални телевизии во Македонија, и користење на социјалните медиуми за промовирање на содржините.
- Промотивни настани – пет за родителите и пет за наставниците. Промоција на дигиталните содржини (филмови и игри), веб-сајтот и на другите ресурси, преку јавни настани во различни градови низ Македонија.
- Мониторинг и евалуација на проектните активности, како и општата состојба со приватноста во Македонија преку прес клипинг, пишување на годишниот извештај за Приватност и човекови права во соработка со EPIC
Очекувани резултати:
- Подигната свест на децата за прашања од областа на приватноста, особено за начините како да се решат овие прашања преку иновативна употреба на нови технологии, што го прави учењето забавно.
- Подигната свест на родителите, старателите и наставниците за прашањата од областа на приватноста и нивната улога во постигнувањето на безбедна интернет околина за нивните деца.
Назад кон е-Законодавство
Сподели: