Програми
е-Законодавство: Приватност на интернет на лесен начин
Општа цел:Да се помогне развојот на демократијата и отвореното општество во Македонија, преку придонесување за заштитата на основните човекови права, во областа на заштита на дигиталната приватност.Цел на проектот:Да се подигне свеста на јавноста, а особено на децата, за нивните права во врска со употребата на интернетот и да им се обезбедат информации и знаење за да се заштитат овие права преку технички и правни средства.Активности Детален развој на концептот и создавање на 13 кратки филмови и еден краток анимиран филм, со едноставни приказни за решавање на разни прашања од областа на приватноста, а во врска со употребата на новите технологии. Развој на 10 едноставни игри во врска со кратките филмови со примена на цртани ликови (развиени преку проектот CRISP). Објавување на секој пар од завршен филм и соодветната игра на интернет, во редовни интервали. ПР кампања, вклучувајќи пренесување на филмовите на националните и локални телевизии во Македонија, и користење на социјалните медиуми за промовирање на содржините. Промотивни настани – пет за родителите и пет за наставниците. Промоција на дигиталните содржини (филмови и игри), веб-сајтот и на другите ресурси, преку јавни настани во различни градови низ Македонија. Мониторинг и евалуација на проектните активности, како и општата состојба со приватноста во Македонија преку прес клипинг, пишување на годишниот извештај за Приватност и човекови права во соработка со EPIC Очекувани резултати: Подигната свест на децата за прашања од областа на приватноста, особено за начините како…