Вo речиси секоја стратегија што се однесува на развојот на информатичкото општество и дигиталните технологии, a поврзано со реформите во јавната администрација, се планира државата да се погрижи да создаде средина што ќе ги поддржи иновациите; ќе овозможи испорака на персонализирани, лесно достапни услуги, насочени кон сите корисници и тие да придонесат да се зголеми транспарентноста и отчетноста на државните институции. Сепак, во нашата држава, фокусот на овие стратегии за дигитализација се однесуваат само на услугите што ги дава централната власт. Малку внимание се посветува на дигитализацијата на услугите што се испорачуваат од единиците за локална самоуправа. Иако, како што тоа го покажува и оваа анализа, се зголемуваат барањата и очекувањата од единиците на локалната власт, не постои стратегија за дигитализација на локалните услуги. Ова e уште повеќе потребно во време кога се намалуваат ресурсите на општините, а токму технологијата може да им овозможи да направат повеќе за своите граѓани, а со помалку ресурси.
Оваа анализа е изготвена со поддршка од Фондација за слободата „Фридрих Науман“ .