Кус водич за теории на заговори

Публикацијата „Кус водич за теории на заговори“ се надоврзува на прирачникот за неформално образование за медиумска писменост „Со критичко мислење до разобличување дезинформации“ претходно објавен во рамките на проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“ кој Фондацијата „Метаморфозис“ и „Евротинк“ го спроведуваат со поддршка од Европската унија. Прирачникот служи како клучен едукативен материјал за јакнење на капацитетите на граѓански организации медиуми и поширок круг граѓани за соочување со медиумски манипулации.

Анализа на дезинформациите поврзани со ковид-19 во Северна Македонија

Зошто огромен број граѓани, но и новинари, политичари, професори и други јавни личности, потпаднаа под влијание на дезинформации за ковид-19 до тој степен што и самите земаа активна улога во нивно ширење, приспособување и измислување? Оваа појава претставува проблем на светско ниво, а е особено изразена во Република Северна Македонија, екстремно поларизирано општество, каде што […]

Истражување: Пандемија или инфодемија? Критичкото мислење и теориите на заговор во време на пандемија

Истражувањето дава придонес кон корпусот знаење што го имаме како општество за феноменот на дезинформациите и лажните вести и за тоа како нашите вештини за критичко мислење можат да придонесат за зголемена отпорност на нашето општество кон пропагандите од секаков вид. Истражувањето покажува дека теориите на заговор и алтернативните наративи околу пандемијата се широко распространети […]

Истражување: Значењето, присуството и свеста за критичко мислење и медиумска умешност во медиумската индустрија

Ова истражување го анализира влијанието на состојбата на медиумите и медиумската писменост врз вештините кај самите новинари да произведуваат квалитетни медиумски производи. Наодите од истражувањето покажуваат дека лошата економска состојба во која се наоѓаат медиумите, како и политичките притисоци и манипулацијата со медиумски содржини за остварување политички цели, се главните причини за падот на квалитетот […]