Опсерваторија за Дигиталната агенда – Извештај за тековната состојба и патоказ за унапредување на Дигиталната агенда во Северна Македонија (2022)

Дигитализацијата, односно собирањето и користењето онлајн алатки за нивна анализа и формирање одлуки, е важен процес од кој се очекува дека ќе доведе до напредок на општеството. Во сите сфери и за сите општествени групи (без исклучок), дигитализацијата е ефективен механизам за подобрување на добросостојбата на граѓаните. Технологијата треба да се прифати како дел од секојдневниот живот, односно да доведе до т.н. „дигитална трансформација,“ која подразбира унапредување на електронското работење и поголема ефикасност на институциите, организациите и на другите општествени субјекти.

Во отсуство на вклученоста на повеќето земји од Западен Балкан во истражувањата на Европската Комисија, ова истражување е со неспорно додадена вредност бидејќи овозможува регионално споредување што ќе придонесе за позитивна конкуренција и ќе биде мотив за понатамошно спроведување на Дигиталната агенда (ДА).

Целта на истражувањето е да го измери напредокот во однос на почетната состојба од областите корелативни со ДА. Анализата резултираше со извештај во кој се обработуваат теми поврзани со поглавјата од ЕУ-законодавството, релевантни за ДА, односно со Поглавјето 10, именувано – „Информатичко општество и медиуми“.

_____________________________________________________________________________________

Оваа публикација е изготвена со помош на Европската унија. Содржините во оваа публикација се единствена одговороност на Фондација Метаморфозис и на истражувачкиот тим и на ниеден начин не ги одразуваат ставовите на Европската унија.

Опсерваторија за Дигитална Агенда, Завршно истражување за основната состојба за развој на е-влaда и дигитална писменост во целните земји од Западен Балкан 2022

Дигитализацијата во сите сфери и за сите општествени групи е ефикасен механизам за подобрување на благосостојбата на граѓаните. Потребата од дигитализација стана уште поочигледна поради пандемијата COVID-19, бидејќи укажа на итната потреба од механизми, алатки и адаптирана регулатива за подобра организација и целосно функционално општество. После Ковид-19, уште поочигледно е дека има потреба од дигитализација […]

Визуелизација: Меки вештини во онлајн просторот

Меки вештини што е важно да се користат во онлајн просторот: Комуникација Организација Фокус Да се биде флексибилен и прилагодлив Оваа визуелизација е достапна на англиски, македонски, албански, српски и црногорски јазик. Оваа визуелизација е дел од проектот Зголемување на граѓанското учество во Дигиталната агенда – ИЦЕДА, ко-финансиран од Европската Унија. Oваа визуелизација е изготвена […]

Визуелизација: Дигитална писменост

Дигиталната писменост значи дека треба да знаеме како: Критички да размислуваме Да креираме информации, да пристапуваме до нив и да ги потврдиме Да управуваме со онлајн идентитет Да ја заштитиме нашата приватност и податоците Ефективно да ја користиме технологијата Ефикасно користимо технологију Оваа визуелизација е достапна на англиски, македонски, албански, српски и црногорски јазик. Оваа […]