Со поддршка од Проектот за граѓанско учество на УСАИД и Националната фондација за демократија, Фондацијата Метаморфозис во соработка со партнерите од регионалната мрежа на ГО – Отчетност, технологија и мрежа на институционална отвореност во Југоисточна Европа (ACTION SEE), подготви проценка на состојбата на добро владеење на собранијата и извршните гранки на централните власти на четири држави од Западен Балкан – Северна Македонија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.
Проценката е резултат на сеопфатно емпириско истражување засновано врз Индексот на отвореност, чија цел е да се утврди степенот до кој се почитуваат принципите на доброто владеење во регионот.
Како што покажува визуелизацијата, истражувањето на отвореноста на извршната власт во Република Северна Македонија откри дека само 31% од министерствата и 12% од извршните органи обезбедуваат директен канал за комуникација на нивните веб-страници.
Визуелизацијата е подготвена на македонски, албански и англиски јазик.
Целата проценка е достапна на следниот линк.