Оваа публикација ги претставува препораките за стандарди за ИКТ за интер и интракомуникација во државната управа.
Со оглед на фактот дека анализите беа изведени во соработка со Владата на РМ и нејзините тела, како и со оглед на фактот дека во процесот на формулирањето на препораките активно учествуваа претставници на професионалната и стручната јавност во Македонија, се очекува препораките за стандарди за ИКТ да бидат прифатени и применети во државната управа.
Прифаќањето и доследната примена значајно ќе ја зголемат ефикасноста и ефективноста во работењето на државната управа, со што ќе се засилат напорите Македонија сигурно да прерасне во современа модерна држава, идна членка на ЕУ и НАТО.