Регионален медиа мониторинг извештај “Дезинформациски трендови и наративи во Западен Балкан„ за период октомври – декември 2023

Во текот на последниот квартал од 2023 година, различни надворешни актери продолжија да ги таргетираат општествата од Западен Балкан со дезинформации и поврзани тактики за манипулација, преку низа операции на влијание од различни авторитарни сили, до хибридна војна од страна на Русија.

Овој мониторинг извештај претставува преглед на клучните дезинформациски трендови во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија. Странските антидемократски актери, како и нивните домашни сојузници пласираат дезинформации со дел да го зголемат своето влијание и да го дестабилизираат регионот.

Вооружениот конфликт меѓу Хамас и Израел, кој ескалира на 7 октомври, донесе сосема нов бран дезинформации на Балканот, што само се надоврза на веќе активната антизападна пропаганда Русија имаше корист од ваквата ситуација бидејќи медиумите го пренасочија нивното покривање на Блискиот Исток, намалувајќи го известување за војната во Украина. Овие случувања може да го поттикнат Кремљ да предизвика дополнителни конфликти, особено преку неговите помошници на Балканот.

И покрај намалување на бројот на дезинформациски написи поврзани со руската војна во Украина, постојаните наративи продолжуваат да кружат низ медиумскиот пејзаж на Западен Балкан и социјалните мрежи. Доминантниот наратив се обидува да претстави лоша слика за Зеленски, прикажувајќи го како „корумпиран и нечесен политичар“ и нагласувајќи го високото ниво на корупција во Украина, притоа претставувајќи ја Русија како непобедлива. Целта е да се поттикне незадоволство кај населението и потенцијално да се поколебаат владите на Западен Балкан да ја преиспитаат својата поддршка или да ја прекинат помошта за Украина. Крајната цел е да се создаде негативна перцепција за Украина и Западот, како на пример НАТО, ЕУ и САД, и да се генерира поддршка за геополитичките цели на Русија во регионот.

Втората најраспространета тема беше војната меѓу Израел и Хамас. Ширењето на фабрикувани фотографии и видеа од конфликтот претставуваше голем предизвик за проверувачите на факти, отежнувајќи ги нивните напори да се направат разлика помеѓу дезинформациите и фактичката ситуација. Настаните околу конфликтот предизвикуваат емотивни реакции кај читателите, па затоа странските злонамерни актери ја искористија оваа можност да ја припишат вината за конфликтот кон Запад, прикажувајќи ги како „финансиери на војната“.

 

Во извештајниот период повторно се појавија дезинформации за потенцијална војна на Балканот. Покрај обвинувањата упатени кон косовската влада за предизвикувачките услови на косовските Срби, наративите се проширија кон оцрнување на сите етнички Албанци, инкорпорирајќи ја познатата закана од „Голема Албанија“. Многу од овие дезинформациски написи не само што имаат потенцијал да го нарушат демократскиот процес на една земја и да всадат проавторитарни чувства, туку и да предизвикаат насилство и радикализација внатре и надвор од границите. Тоа го прави мапирањето и следењето на дезинформациските тренсови клучни за подобро разбирање и градење отпорност на овие малигни влијанија. Повеќето од овие теми на дезинформации не можат а да не вклучуваат поврзаност со Русија. Примарната цел зад овие наративи и лажни тврдења е да се зајакне имиџот на руската моќ, истакнувајќи го нејзиното геополитичко влијание. Во исто време, го нагласувајќи го влијание што Русија го има на Балканот, воведувајќи сложеност во регионалната динамика,прокламирајќи ги „слабите страни на оние кои се противат на нејзината агресија и империјализам“.