Центар против дезинформации на Западен Балкан: разоткривање на опасните влијанија преку набљудувачко новинарство

01.11.2021

Проекти

 

Главна цел на проектот

Откривање на странско малигно влијание на Западен Балкан преку разоткривање и мапирање на протокот на дезинформации и пропаганда што потекнуваат од надворешни актери низ регионот.

Специфични цели

  1. Зголемување на капацитетот на новинарите и медиумите да идентификуваат, документираат, известуваат и разоткриваат странски малигни влијанија;
  2. Едуцирање на јавноста за природата и ефектите на дезинформациите под влијание на надворешни актери;
  3. Залагање за зголемена јавна дебата и зголеме интерес за конструктивни политички мерки
  4. Развивање модел за справување со дезинформации од странски малигни извори

Целни групи

  1. Општата јавност како група која е најпогодена од странските малигни влијанија;
  2. Национални и регионални редакции и новинари;
  3. Граѓански организации
  4. Јавни/државни институции вклучени во борбата против малигните странски влијанија.

Очекувани резултати

  1. Зголемена свест и јавно знаење за дезинформационите екосистеми во Западен Балкан, преку обезбедување инфраструктура за рано предупредување, заснована на податоци.
  2. Производство на информативни и едукативни медиумски содржини за разоткривање дезинформации врз основа на иновативна методологија заснована на податоци за идентификување, следење и изложување на странски малигни влијанија.
  3. Создавање повеќестрана мрежа составена од претставници од граѓанско општество и медиумски организации, вклучително и проверки на факти и вести, тинк-тенк и други заинтересирани чинители, која служи како платформа за заедничко медиумско покривање, следење на медиумите и градење капацитети.
  4. Современ модел за справување со дезинформации, базиран на методологија за препознавање и известување за странско малигно влијание во регионот на Западен Балкан (Северна Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово) применлив надвор од регионот каде што е развиен, особено на места каде таквото токсично влијание не добива соодветно внимание од страна на медиумите и политичкиот врв.

Проектни активности

  1. Развој на регионална инфраструктура заснована на податоци за рано предупредување која ќе служи за спречување на штетното влијание во регионот од кампањи за дезинформации кои потекнуваат од странски актери.
  2. Watchdog journalism – производство на висококвалитетни новинарски содржини во вид на рецензии, анализи и истражувачки стории.
  3. Истражување фокусирано на мапирање, документирање и објаснување на местата на малигно странско влијание во секоја земја и ЗБ како целина. Собирање и анализа на податоци што ќе резултира со создавање инфраструктура за рано предупредување управувана од податоци, фокусирана околу базата на податоци.
  4. Јавно информирање и застапување – ангажирање на општата публика и зголемување на свеста преку промотивна кампања за едукација на јавноста и информирање преку социјалните медиуми; придонесување за промена на политиката преку консултации за застапување и јавни настани на кои се собираат релевантните засегнати страни за да се зголеми нивната свест и ангажман во јавната дебата за малигните странски влијанија.

 

Времетраење на проектот: 3,5 години (42 месеци)

Финансиска поддршка: Кралство Холандија

Партнери на проектот – членови на основната мрежа:

Фондацијата Метаморфозис (водечка организација) од Северна Македонија, основач на сервисот за проверка на факти, Вистиномер (Truthmeter на англиски, Vertetemates на албански), Новинска агенција Мета.мк и портал за вести на албански јазик Portalb.mk;

Центар за меѓународни и безбедносни прашања ISAC, тинк-тенк од Србија

Зашто не (Why not) од Босна и Херцеговина, основач на сервисите за проверка на факти Istinomjer.ba и Raskrinkavanje.ba (fcs)

Центар за демократска транзиција од Црна Гора, основач на сервисот за проверка на факти Raskrinkavanje.me (fcs)

Faktoje.al, сервис за проверка на факти од Албанија

Sbunker.net, Медиумска издавачка организација од Косово

mediumski-item-img-1.png

Систем за управување со погрешни информации и дезинформации и новинарски брифинзи

Главна цел на проектот Интегрирање на Системот за управување со погрешни информации и дезинформации во работењето на државните институции, Министерството за здравство и неговите помошни институции и обезбедување поддршка на истите да го

mediumski-item-img-1.png

Новинарство за новата генерација: Програма за медиумска обука

Фондација Метаморфозис, во партнерство со Меѓународниот центар за новинари (International Center for Journalists – ICFJ) а со поддршка на Амбасадата на САД во Скопје во период на 2023 спроведува Програма за медиумска обука.

mediumski-item-img-1.png

Промовирање на пристап до веродостојни вести за борба против дезинформации

Главна цел на проектот Проектот има за цел да го разоткрие влијанието на странските пропаганди преку набљудувачко новинарство и да ги искористи резултатите од истражувањето за да ја едуцира јавноста на разбирлив начин.