Со критичко мислење до разобличување на дезинформации

Прирачникот е креиран со цел да се создаде основно средство за информирање и едуцирање на македонските граѓани, кое би придонело за негување на критичката мисла и
создавање култура на конструктивен дијалог. Литература што ќе придонесе за дијалог во кој е зачувано правото на сопствено мислење, со почитување и критичко преиспитување на други мислења.

Прирачникот е наменет за:

  • Граѓанските организации и владините институции што со здружени напори треба секојдневно да посочуваат кон медиумските манипулации со информации и да придонесуваат за развој на медиумската писменост кај македонските граѓани.
  • Секој граѓанин на Северна Македонија треба да се бори за почитување на професионалните стандарди во медиумските простори и да се стреми кон слободно мислење и изразување
Кус водич за теории на заговори

Публикацијата „Кус водич за теории на заговори“ се надоврзува на прирачникот за неформално образование за медиумска писменост „Со критичко мислење до разобличување дезинформации“ претходно објавен во рамките на проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“ кој Фондацијата „Метаморфозис“ и „Евротинк“ го спроведуваат со поддршка од Европската унија. Прирачникот служи како клучен […]

Анализа на дезинформациите поврзани со ковид-19 во Северна Македонија

Зошто огромен број граѓани, но и новинари, политичари, професори и други јавни личности, потпаднаа под влијание на дезинформации за ковид-19 до тој степен што и самите земаа активна улога во нивно ширење, приспособување и измислување? Оваа појава претставува проблем на светско ниво, а е особено изразена во Република Северна Македонија, екстремно поларизирано општество, каде што […]

Истражување: Пандемија или инфодемија? Критичкото мислење и теориите на заговор во време на пандемија

Истражувањето дава придонес кон корпусот знаење што го имаме како општество за феноменот на дезинформациите и лажните вести и за тоа како нашите вештини за критичко мислење можат да придонесат за зголемена отпорност на нашето општество кон пропагандите од секаков вид. Истражувањето покажува дека теориите на заговор и алтернативните наративи околу пандемијата се широко распространети […]

Verified by MonsterInsights