Состојбите и предизвиците за спроведување онлајн настава во основните училишта

Фондацијата Метаморфозис, во рамки на проектот Отворени Образовни Ресурси, поддржан од Фондацијата Отворено општество-Македонија (ФООМ), спроведе истражување за состојбата со онлајн наставата, фокусирано на основните училишта во нашата земја. Целта на ова истражување беше да се утврдат состојбите и предизвиците на онлајн наставата во основните училишта во РСМ во периодот март – јуни 2020 година, и преку емпириски сознанија да се дадат релевантни препораки за подобрување на состојбата и адресирање на идентификуваните предизвици.

Се надеваме дека анализата на прибраните податоци и препораките дадени во овој документ ќе придонесат за подобрување на состојбата со онлајн наставата, на задоволство на сите засегнати страни.

Целосното истражување можете да го преземете на овој линк, или со кликнување на копчето „Преземи“.

Отворените образовни ресурси во образовниот процес – анализа на можностите и препораки

Со големо задоволство ве известуваме дека во рамки на проектот Отворени образовни ресурси се изготви и анализа за можностите за вклучување на отворените образовни ресурси во образовниот процес. Истата е достапна за преземавање на следниот линк, и ве покануваме да ја прочитате! Се надеваме дека анализата ќе ви биде од корист, и ќе разјасни добар […]

Документ за јавни политики: Можности за законска имплементација на отворените образовни ресурси во Република Македонија

Документот ги истражува можностите за регулација на отворените образовни ресурси во Македонија.

Aнализа на законската рамка за образование и на можностите за вклучување на отворените образовни ресурси

Анализата го опфаќа законот за основно образование, закон за средно образование, закон за учебници за основно и средно образование, закон за авторско право и сродни права, а овозможува согледување на состојбите, изведување заклучоци и препораки за можно регулирање на отворените образовни ресурси во овие закони.