Општата цел на проектот е да влијае на подигање на свеста и капацитетот на академската јавност за создавање и користење на отворени образовни ресурси. Преку претставување на концептот на ООР на наставниците од помалите етнички заедници со помош на обуки и други активности (наградата за најдобар ООР наставник) ќе се подигне свеста за придобивките од користењето на отворените образовни ресурси.
Поконкретно, проектот ги има следните специфични цели:
- Да се претстави концептот на ООР на наставниците од помалите етнички заедници преку обуки и други активности (наградата за најдобар ООР наставник) за подигање на нивната свест за придобивките од користењето на ООР.
- Да се зајакне културната и јазичната разновидност на ООР
- Да се придонесе во создавањето и дистрибуцијата на образовни ресурси на јазиците од помалите етнички заедници
- Да се идентификуваат и препорачаат решенија за правните предизвици поврзани со развојот на ООР (пример: препораки за политики за поддршка на ООР)
- Да се претстават можностите за создавање на легислатива која ќе значи објавување на сите јавно финансирани образовни материјали како слободно достапни
- Зголемување на видливоста во медиумите на концептот за ООР но посебно предизвиците со кои се соочуваат помалите етнички заедници во образовниот процес.
Очекувани резултати:
- Обезбеден информативен, лесно достапен и редовно обновуван јавен онлајн вебсајт за отворени образовни ресурси
- Зголемено користење на содржините на oer.mk од страна на наставниците и учениците во Македонија
- Зголемен бројот на наставните содржини на јазиците на помалите етнички заедници достапни за сите заинтересирани (наставници, ученици и др.)
- Идентификувани и предложени решенија за правните предизвици поврзани со развојот на ООР (пример: препораки за измени на законот за учебници) со посебен фокус на предизвиците што ги имаат помалите етнички заедници
- Воспоставена редовна и конзистентна комуникација со клучните засегнати страни и донесувачи на одлуки насочена кон подигнување на свеста и влијание врз политиките во однос на можностите кои произлегуваат од преминот од традиционални учебници и образовни материјали кон дигитални отворени образовни ресурси
Период на спроведување: октомври 2019 – во тек