Фондација за интернет и општество Метаморфозис, во соработка со партнерите од регионалната мрежа на НВО-и „ACTION SEE“, ја изготви најновата студија на јавна политика во која го анализираме нивото на транспарентност, отвореност, отчетност на судската власт во регионот на Западен Балкан.
Преку оваа визуелизација се презентирани дел од клучните наоди од истражувањето на отвореноста на судската власт во регионот и во Северна Македонија. Според индексот на отвореност, најотворен суд во Северна Македонија e Врховниот Суд. Сепак, јавното обвинителство исполнува само 4% од индикаторите на отвореност, и повторно е на последно место во регионот.
Целосната анализа можете да ја погледнете тука.