Водич – Тактичко ангажирање на податоци

Фондацијата Метаморфозис е посветена на зајакнување на улогата на граѓанскиот сектор во подобрувањето на транспарентноста и отчетноста на институциите на централно и на локално ниво. Активностите што ги спроведува Метаморфозис имаат за цел да создадат средина во која гласот на граѓаните ќе има влијание и ќе придонесе за решавање на проблемите, обезбедувајќи информации и алатки за средствата за барање одговорност за подобрување на довербата на граѓаните кон институциите.

Во рамките на Проектот за граѓанско учество на УСАИД, преку техничка поддршка, обука, настани за подигање на свеста и соработка со локални граѓански организации, Метаморфозис се залага за отворен град и промоција на отворените податоци.

Промовирањето на иницијативата „Отворен град“ е од суштинско значење за напорите за зголемување на транспарентноста во локалното управување. Зголемената достапност на податоците на локалната самоуправа води до подобро информирано граѓанство и граѓанско општество, а со тоа и поголема одговорност. Воспоставувањето навика на локалните власти да споделуваат податоци, исто така, помага да се промени начинот на размислување на јавните службеници кон поголем ангажман со јавноста. Градовите денес, исто така, се соочуваат со уште еден критичен предизвик кога станува збор за исполнување на потенцијалот на отворените податоци: тој да се движи подалеку од самото обезбедување пристап до податоци кон активно олеснување на користењето на податоците од засегнатите страни на начини кои ќе имаат влијание во заедницата.

Фондација Метаморфозиз во соработка со експертки за отворени градови, преведе и локализираше Водич за отворени градови.

Тактичкиот водич за отворени градови е дизајниран да му помогне на општинскиот персонал да ја катализира употребата на отворените податоци за значајно решавање на локалните проблеми и соодветно вклучување на граѓаните во процесите на одлучување.

Проценка на доброто владеење во Северна Македонија и регионот преку Индексот на отвореност – Собрание и извршна власт – мерење за 2021

Со поддршка од Проектот за граѓанско учество на УСАИД и Националната фондација за демократија, Фондацијата Метаморфозис во соработка со партнерите од регионалната мрежа на ГО – Отчетност, технологија и мрежа на институционална отвореност во Југоисточна Европа (ACTION SEE), подготви проценка на состојбата на добро владеење на собранијата и извршните гранки на централните власти на четири […]

Индекс на отвореност на локалната самоуправа за 2022 година

Фондацијата за интернет и општество Метаморфозис, во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско учество, направи проценка на состојбата на доброто владеење во единиците на локалната самоуправа (ЕЛС) во Република Северна Македонија за 2022 година. Проценката е резултат на спроведено истражување засновано врз Индексот на отвореност. Истражувањето за 2022 година покажа дека повеќето општини не […]

Интеракција со граѓаните онлајн

Со поддршка од Проектот за граѓанско учество на УСАИД и Националната фондација за демократија, Фондацијата Метаморфозис во соработка со партнерите од регионалната мрежа на ГО – Отчетност, технологија и мрежа на институционална отвореност во Југоисточна Европа (ACTION SEE), подготви проценка на состојбата на добро владеење на собранијата и извршните гранки на централните власти на четири […]

Verified by MonsterInsights