Како да се справите со е-отпадот

e_waste_recycle

Донирајте!

Старите уреди кои веќе не ги користите, може да ги донирате. Постојат многу луѓе кои со задоволство ќе ги прифатат и ќе продолжат да ги користат. Доколку имате опрема за донирање може да ја огласите на сајтот на проектот „Балканска мрежа за застапување при управување со е-отпад“, во делот Ре-употреби.

Вратете ги на производителот или рециклирајте

Многу производители нудат опција да го вратите вашиот стар уред, со цел тие понатаму соодветно да го рециклираат. Исто така постојат компании во Македонија кои вршат преземање на е-отпад и потоа ги рециклираат, но за тоа да се случи потребно е да имате поголемо количество. Доколку имате е-отпад од кој сакате да се ослободите, пишете ни за повеќе информации или пак обратете се на некоја од компаниите кои се занимаваат со тоа:

Дуна Компјутери
бул. Октомвриска револуција бр. 18 лок. 2
1000 Скопје
тел. + 389 (0)2 3104 500
факс. + 389 (0)2 3104 530
contact@duna.mk


ИВАЛ Трејд

Скопје – представништво
Лондонска бб.
тел.: +389 (0)2 307 6442
ordant@t-home.mk
Штип – представништво
Железничка бб.
тел: +389 (0)32 385 004
ivaltrejd@t-home.mk
info@ivaltrade.com

ГОКО Кар
Бензинска пумпа „ЕЛГО“
Виница, Р. Македонија
моб.: +389 (0)70 708 530
тел.: +389 (0)33 360 140
Ivanov.NBG@googlemail.com

ЊУ-ФЛЕШ
Струмица
моб.: +389 (0)75 421 660
моб.: +389 (0)70 515 789
rizovzoran@yahoo.com

Секако за да придонесете за помалку е-отпад може и да купувајте помалку. Не го заменувајте вашиот стар уред, кој сè уште ја врши својата функција само затоа што излегол нов модел. Ако веќе се решите да купите, купете производ означен како еколошки.

Министерството за животна средина и просторно планирање изготви нацрт Закон за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема, кој се очекува да биде во собраниска процедура на есен, а да стапи во сила од 2013 година, со кој проблемот за ослободување од е-отпадот треба да биде надминат

Текстот е оригинално објавен на: IT.com.mk

Сподели:

meta tim sliki-02.jpg

Како

да

се

справите

со

е-отпадот