Погледнете го видеото кое е изработено од страна на невладината организација Calidus со поддршка на Метаморфозис и TechSoup Europe. Целта на ова видео е да се подигне свеста за важноста на медиумската писменост и стапиците во кои може да падне секое лице, особено младите на возраст од 10-16 години при користење на социјалните медиуми. Исто така видеата можат да ги користат и наставниците и учителите како алатки во нивната работа.