е-Законодавство: Национална политика за слободен софтвер
Проектот има за цел создавање на документ за Национална политика за слободен софтвер (со отворен код) за централната и локалната власт, според примерот на е-Хрватска, со цел да се постигне поголема ефикасност во работата на државните органи, како и зголемена транспарентност и одговорност при јавните набавки на компјутерска опрема и софтвер.
Проектот го имплементира Слободен софтвер Македонија со поддршка од Метаморфозис и ФИООМ, во соработка со Министерството за информатичко општество на РМ (МИО).
Активностите во рамките на проектот вклучуваат:
- Формирање на Работна група од претставници на централната власт (МИО, Националниот совет за ИКТ, Генералниот секретаријат на Владата на РМ), развојниот сектор и донаторската заедница (УНДП, УСАИД, Метаморфозис/ФИООМ…), бизнис секторот (соодветни комори и фирми), граѓанското општество, традиционални и нови медиуми, како и експерти од други општествени сфери.
- Подготовка на нацрт на Политиката од страна на Работната група и негова финализација учество на пошироката јавност во еден транспарентен процес од панели, дискусии и форуми во разни форми.
- Усвојување на Националната политика за слободен софтвер од страна на соодветните органи на Република Македонија на предлог на МИО.
Очекувани резултати:
- Спроведен инклузивен процес на креирање на политиката
- Финализирана и објавена Националната политика за слободен софтвер
- Националната Политика за слободен софтвер усвоена од релевантните државни органи
Релевантни документи:
- Република Македонија
- Национална политика за информатичко општество на РМ од 2005 г.
- Национална стратегија за развој на информатичко општество на РМ од 2005 г.
- Препораки за стандарди за ИКТ во државната управа (ПДФ) од 2007 г.
- Република Хрватска
- Политика за софтвер со отворен код од 2006 г. (извор: е-Хрватска):
Odrednice razvitka i uporabe računalnih programa s otvorenim kodom u tijelima državne uprave (ПДФ)
- Политика за софтвер со отворен код од 2006 г. (извор: е-Хрватска):
Назад кон е-Законодавство
Сподели: