Програми
е-Законодавство: Национална политика за слободен софтвер
Проектот има за цел создавање на документ за Национална политика за слободен софтвер (со отворен код) за централната и локалната власт, според примерот на е-Хрватска, со цел да се постигне поголема ефикасност во работата на државните органи, како и зголемена транспарентност и одговорност при јавните набавки на компјутерска опрема и софтвер. Проектот го имплементира Слободен софтвер Македонија со поддршка од Метаморфозис и ФИООМ, во соработка со Министерството за информатичко општество на РМ (МИО).Активностите во рамките на проектот вклучуваат: Формирање на Работна група од претставници на централната власт (МИО, Националниот совет за ИКТ, Генералниот секретаријат на Владата на РМ), развојниот сектор и донаторската заедница (УНДП, УСАИД, Метаморфозис/ФИООМ…), бизнис секторот (соодветни комори и фирми), граѓанското општество, традиционални и нови медиуми, како и експерти од други општествени сфери. Подготовка на нацрт на Политиката од страна на Работната група и негова финализација учество на пошироката јавност во еден транспарентен процес од панели, дискусии и форуми во разни форми. Усвојување на Националната политика за слободен софтвер од страна на соодветните органи на Република Македонија на предлог на МИО. Очекувани резултати: Спроведен инклузивен процес на креирање на политиката Финализирана и објавена Националната политика за слободен софтвер Националната Политика за слободен софтвер усвоена од релевантните државни органи Релевантни документи: Република Македонија Национална политика за информатичко општество на РМ од 2005 г. Национална стратегија за развој на информатичко општество на РМ од 2005 г. Препораки за стандарди за ИКТ во државната…