Проектот има за цел да ги засили напорите на граѓанските организации во обраќањето и подобрувањето на доброто владеење преку обезбедување на алатки, вештини и знаења со цел подобрување на нивната работа, како и преку грантови за спроведување на конкретна иницијатива. Со овие алатки и обуки, локалните граѓански организации значително ќе ги подобрат хоризонталните врски со своите поддржувачи и пошироката јавност, а вертикално со владата.
Главните цели на проектот се:
- (O1) Подобрување на вклученоста на граѓанското општество во креирањето на јавното мислење, креирањето политики и учеството во механизмите за донесување одлуки;
- (O2) Зголемување на капацитетите на граѓанското општество за справување со важни општествени прашања.
Специфична цел на проектот е:
Промовирање на динамично граѓанско општество кое ефективно ги мобилизира граѓаните за активна вклученост во доброто владеење и транспарентноста, како и влијание врз процесите на донесување одлуки на локално и национално ниво.
Целните групи на проектот се: граѓаните, граѓанските организации, националните и локалните институции, медиумите и политичките партии.
Проектот се базира на 4 главни полиња на дејствување:
- градење на стратегии преку широка консултација,
- зголемување на капацитетите на граѓанските организации,
- мали грантови за таргетирани кампањи (начини на финансирање на политички партии, примена на правото на слободен пристап до јавни информации, корумпираност во процесите на јавните набавки, практикување на мито, поклони/спонзорства, загриженост поврзана со изборите, злоупотреба на должност, заштита на податоци и друго,)
- градење на широко распространета заедница.
Проектот е со траење од 18 месеци.