Проектот ги истражува и ги анализира сите прашања поврзани со актуелните состојби настанати како резултат на процесот на дигитализација во радиодифузијата. Добиените сознанија ќе бидат интегрирани во еден финален Документ кој покрај собраните податоци и анализи ќе содржи и препораки за тоа во кои насоки ќе биде потребно да се унапредува дигитализацијата во радиодифузијата во иднина. Тој ќе биде јавно достапен како печатено и онлајн издание и ќе биде дистрибуиран до сите релевантни домашни и меѓународни институции.
При подготовката на финалниот Документ, истражувањата и анализите ќе се занимаваат со прашањата кои произлегуваат од досегашниот спроведен процес на дигитализацијата во радиодифузијата за неколку битни теми: пазарот и дигитализацијата во радиодифузијата; рефлексии во пазарот на терестријални; кабелски и медиуми кои емитуваат програма со IPTV; ефектите од дигитализацијата на технолошки план; деловните практики; има ли и која е промената во програмската понуда и во новинарскиот пристап; промени во маркетингот; партиципативност, ефикасност ефективност и инклузивност во процесот на дигитализацијата; кој доби најмногу, а кој изгуби; што добија, а што изгубија граѓаните.
Проектните истражувања и анализи се предвидени како методолошки издржан, широко инклузивен и консултативен процес во кој на експертско ниво ќе бидат вклучени индивидуалци и институции од медиумската сфера во земјата.
Проектот е финансиран од Independent Journalism Programs, London