Сервис за проверка на факти од медиумите

31.08.2014

Проекти

Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, која во времетраење од 30 месеци ја спроведува Метаморфозис, има за цел да им овозможи на граѓаните на Македонија да бараат поголема отчетност од медиумите, како и да им помогне на новинарите во спроведувањето на нивните професионални стандарди, преку обезбедување онлајн-алатки и ресурси за јавна едукација и подигнување на јавната свест. Намената на онлајн Сервисот за проверка на факти од медиумите е зголемување на побарувачката на граѓаните за објективни вести и информации засновани на факти и професионални новинарски стандарди.

Компонентата Сервис за проверка на факти од медиумите ја спроведува фондацијата за интернет и општество Метаморфозис (www.metamorphois.org.mk).

Очекуваните проектни резултати опфаќаат:

  • Воспоставување на Сервисот за проверка на факти од медиумите, кој ќе обезбеди:
    • Создавање траен јавен запис со кој ќе се документираат низа клучни прашања поврзани со квалитетот и отчетноста на медиумите во Македонија, преку стручни рецензии на написи и анализи објавени на веб-сајтот mediumi.vistinomer.mk.
    • Отворен простор за граѓаните и професионалните медиумски работници да одржуваат структурирана јавна дискусија за прашањата поврзани со квалитетот на медиумските производи преку Сервисот како онлајн-платформа.
    • Основа за застапување за отчетност на медиумите
  • Зголемување на побарувачката меѓу граѓаните за објективни вести и информации засновани на факти и професионалните новинарски стандарди, како резултат на објавените едукативни содржини за јавна едукација.
  • Зголемено ниво на јавна свест за стандардите на професионалното новинарство и примената на критичкото размислување како начин за спротивставување на медиумските девијации.
  • Зголемена свест на медиумските работници за професионалните стандарди содржани во релевантните кодекси, како и за нивната должност да ја бараат и да известуваат за вистината, на транспарентен и отчетен начин.