Програми
Добро владеење: Модел за ефикасна комуникација меѓу Комисиите за односи со заедниците и граѓаните (МЕК)
Проектот „Модел за ефикасна комуникација меѓу Комисиите за односи со заедниците и граѓаните (МЕК)“ беше финасиран од Европската унија и организациите кои го спроведуваа: Фондацијата Метаморфозис во партнерство со здружението на граѓани за поддршка на меѓуетнички дијалог и развој на заедниците „Заеднички вредности“ од Скопје. Проектот го зголеми капацитетот на Комисиите за односи меѓу заедниците (КОЗ) во четири мултиетнички пилот-општини – Дебар, Гостивар, Чаир и Тетово – преку обуки, техничка помош, обезбедување опрема и софтвер и спроведување на јавни настани. Проектот значително придонесе за зголемување на видливоста на КОЗ и проширување на комуникацијата меѓу граѓаните и локалната самоуправа, како предуслов за подобрување на управувањето со меѓуетничките односи во пилот заедниците и развојот на демократијата врз основа на европските вредности на толеранција и диверзитет. Создадените ресурси и релевантни искуства беа ставени на располагање на КОЗ во другите локални заедници во земјата и на располагање на јавноста, како на пр. печатените материјали и содржините за е-учење, овозможувајќи умножување и понатамошно ширење на знаењето и вештините. Целта на проектот беше подобрување на меѓуетничките односи и јакнење на институциите на системот, со цел зајакнување на демократијата во Македонија и забрзување на процесот на пристапување во ЕУ. Во конкретните цели на проектот спаѓаа подобрувањето на капацитетите на членовите на Комисиите за односи со заедниците (КОЗ) со цел да станат поефикасни, да се зголеми нивната видливост и способноста за работа во рамките на нивните законски одредени надлежности, преку употребата